Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Национален рурален парламент: Земјоделството да се модернизира и третира како реална економска индустрија во руралните средини, а не како дополнителна дејност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Национален рурален парламент: Земјоделството да се модернизира и третира како реална економска индустрија во руралните средини, а не како дополнителна дејност
Агровести

Национален рурален парламент: Земјоделството да се модернизира и третира како реална економска индустрија во руралните средини, а не како дополнителна дејност

Објавено 18/06/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделството да се модернизира и третира како реална економска индустрија во руралните средини, а не како дополнителна дејност, беше порачано од вториот Национален рурален парламент, кој денеска и утре се одржува во Струмица. Учествуваат повеќе од 80 претставници на граѓанскиот, приватниот и јавниот сектор за да креират препораки за подобрување на квалитетот на живеењето во руралните средини.

Според Петар Ѓоргиевски, претседател на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија многу е важно да се има предвид дека младата работна сила во земјоделството ја нема и затоа иновациите во оваа гранка треба да се поврзани со модерните технологии во сите фази на производството.

-Мора да најдеме начин како младите да останат или да се вратат во селата. Ним им е потребна солидна плата, домување, прецизно и насочено образование, исто така е важен социјалниот живот. Значи, тоа е еден цел процес кој треба да биде високо на агендата и стратегијата на се што е поврзано со земјоделството и руралниот развој, рече Ѓоргиевски.

Тој смета дека пред се е најважно да се подобри инфраструктурата, односно подбрување на здравството, образованието и токму преку тоа се гледа јазот меѓу урбаните и руралните средини и затоа треба тој да се намали.

Според Столе Илиев, извршен директор на Локалната акциска група „Плачковица“, најголема пречка за прифаќање на нивните иницијативи за подобрување на условите во руралните средни е незавршениот процес на децентрализација.

-Овој процес е мисловен поим, посебно кога станува збор за фискалната децентрализација. И самите општини не се толку децентрализирани, колку што треба да бидат и мислам дека таа е една од главните пречки која го кочи локалниот развој, односно процесот на децентрализација не е завршен кај нас и не помога самите потреби на граѓаните да дојдат до израз и нашите иницијативи да бидат прифатени, смета Илиев.

Професорката на Факултетот за земјоделски науки и храна, Александра Мартиновска Стојчевска, подвлече дека модернизацијата и инвестициите во земјоделството се значајно младите да се задржат тука.

-Иновациите и вложувањето во знаењето е најдобра инвестиција и затоа образованието треба да се гледа како инвестиција, а не трошок. Многу важно е да се каже за „паметната специјализација“, односно тоа е еден процес кој е започнат пред неколку години и лани беше донесена стратегија за „паметна специјализација“, во којашто земјоделско-прехранбениот сектор е препознаен како едни од приоритетните домени. Паметно земјоделство и храна со додадена вредност е една од областите во која се препознава економски, иновативен и истражувачки потенцијал во кој треба сите чинители да се вклучат интензивно за да се дојде до подобри успеси и сето тоа да ја раздвижи економијата и вложувањата во овој сектор, смета професорката Мартиновска Стојчевска.

Вториот Национален рурален парламент ќе заврши со теренски посети на позитивни и успешни примери од руралното претприемништво, рурален туризам, природни потенцијали и ресурси во струмичко и радовишко.

Настанот е во рамки на програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементиран од Мрежата за рурален развој. 

МИА

Може да ви се допадне

АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Таг:економска индустријаЗемјоделствотомодернизираНационален рурален парламент
Претходен напис Земјоделците од Светиниколско го блокираа експресниот пат Штип – Велес
Следен напис Водата од Дојранското Езеро е безбедна за капење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?