Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Национален рурален парламент, во организација на тимот на Програмата на УСАИД за развој на заедницата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Национален рурален парламент, во организација на тимот на Програмата на УСАИД за развој на заедницата
Агровести

Национален рурален парламент, во организација на тимот на Програмата на УСАИД за развој на заедницата

Објавено 18/06/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Струмица денеска и утре ќе се одржи вториот Национален рурален парламент, во организација на тимот на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој. 

Целта на овој настан е да се унапреди националната платформа на рурални граѓански организации, локални акциски групи и земјоделски здруженија, која ќе продолжи уште позасилено да комуницира со локалната и националната власт во заедничкото дефинирање на политиките и прашањата поврзани со руралниот развој.

Како што е најавено, на настанот ќе се обратат Петар Ѓоргиевски, претседател на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, претставник од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, претставник од Општина Струмица, Кристофер Доџ, в.д. директор на УСАИД Канцеларијата за економски развој, Бобан Илиќ, генерален секретар на Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа и Карин Рау, Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ).

– Вториот национален рурален парламент ќе спои повеќе од 80-тина претставници граѓанскиот, приватниот и јавниот сектор за да се креираат препораки за подобрување на квалитетот на живеење во руралните средини во земјата во доменот на иновации во земјоделското производство, можности за младите од руралните средини и ЛИДЕР (LEADER) пристапот. Препораките ќе служат како основа за градење политики на локално и регионално ниво насочени кон долгорочно позитивно влијание за сите жители на овие заедници. Истовремено, руралниот парламент ќе обезбеди основа за размена на искуства меѓу организациите од руралните средини во земјата, меѓународните организации и експерти кои работат во истата област, се појаснува во соопштението од организаторот на Националниот рурален парламент.

Преку вакви активности, се додава во соопштението, УСАИД придонесува кон вклучување и дискусија помеѓу руралното население и креаторите на политики со цел подобрување на руралните политики и адресирање предизвици поврзани со руралниот развој. Вториот национален рурален парламент е организиран во рамки на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија. 

МИА

Може да ви се допадне

Европскиот пазар се затвора за Бразил: ЕУ го ограничува увозот на месо, јајца и мед
(ВИДЕО) Со помош од државата винарските визби ќе го откупат целото винско грозје
(ВИДЕО)Јанчев: Откупот на грозјето е почнат, да нема параноја, оваа година организацијата е на ниво!
Поради сушата некои култури повеќе нема да напредуваат во некои региони, предупредува извршната директорка на Европската агенција за животна средина
ЈУ Национален парк „Пелистер“: Целосно изгаснат пожарот на Пелистер
Таг:заедницатаНационаленорганизацијарурален парламентУСАИД
Претходен напис Сончево и топло со мала до умерена облачност
Следен напис Единаесет пожари на отворено изминатото деноноќие
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?