Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Начин на доставување и содржина на образецот за месечните и годишниот ИЗВЕШТАЈ ЗА ОТКУП на земјоделски производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Начин на доставување и содржина на образецот за месечните и годишниот ИЗВЕШТАЈ ЗА ОТКУП на земјоделски производи
Јавни огласи и повици

Начин на доставување и содржина на образецот за месечните и годишниот ИЗВЕШТАЈ ЗА ОТКУП на земјоделски производи

Објавено 13/03/2026
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врз основа на член 31 став (10) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/19, 244/19, 275/19, 110/21, 123/22 и 65/23), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе

ПРАВИЛНИК ЗА ВИДОТ НА ПОДАТОЦИТЕ ЗА ПЛАНИРАНИТЕ КОЛИЧИНИ ЗА ОТКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ ЗА НАРЕДНАТА ГОДИНА И ПОДАТОЦИТЕ ЗА РЕАЛИЗИРАН ОТКУП ЗА ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА И ПОДАТОЦИТЕ ЗА РЕАЛИЗИРАН ОТКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ ОД ПРЕТХОДНИОТ МЕСЕЦ И ЗА ПЛАНИРАНИОТ ОТКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ ЗА НАРЕДНИОТ МЕСЕЦ, НАЧИНОТ НА ДОСТАВУВАЊЕ И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ

Член 1

Со овој правилник се пропишува видот на податоците за планираните количини за откуп на земјоделски производи за наредната година и податоците за реализиран откуп за претходната година и податоците за реализиран откуп на земјоделски производи од претходниот месец и за планираниот откуп на земјоделски производи за наредниот месец, начинот на доставување и формата и содржината на образецот за доставување.

Член 2

Податоците за планираните количини за откуп на земјоделските производи за наредната година и за реализиран откуп на земјоделски производи за претходната година се доставуваат во писмена форма, а податоците за планираните количини за откуп на земјоделските производи за наредниот месец и за реализираниот откуп на земјоделски производи од претходниот месец се доставуваат во електронска форма преку електронски внес во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи што се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Член 3

Образецот за планираните количини за откуп за наредната година и реализиран откуп од претходната година за жита и маслодајни семиња се изготвува на хартија во бела боја во А4 формат. Формата и содржината на образецот од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник.

Член 4

Образецот за планираните количини за откуп за наредната година и реализиран откуп од претходната година за жив добиток се изготвува на хартија во бела боја во А4 формат. Формата и содржината на образецот од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник.

Член 5

Образецот за планираните количини за откуп за наредната година и реализиран откуп од претходната година за сурово млеко се изготвува на хартија во бела боја во А4 формат. Формата и содржината на образецот од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник.

Член 6

Образецот за планираните количини за откуп за наредната година и реализиран откуп од претходната година за овошје и трпезно грозје се изготвува на хартија во бела боја во А4 формат. Формата и содржината на образецот од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог 4 кој е составен дел на овој правилник.

Член 7

Образецот за планираните количини за откуп за наредната година и реализиран откуп од претходната година за зеленчук, компир и култивирани печурки се изготвува на хартија во бела боја во А4 формат.

Член 8

Образецот за планираните количини за откуп за наредната година и реализиран откуп од претходната година за винско грозје се изготвува на хартија во бела боја во А4 формат. Формата и содржината на образецот од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог 6 кој е составен дел на овој правилник.

Член 9

Образецот за планираните количини за откуп за наредната година и реализиран откуп од претходната година за мед се изготвува на хартија во бела боја во А4 формат. Формата и содржината на образецот од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог 7 кој е составен дел на овој правилник.

Член 10

Образецот за планираните количини за откуп за наредниот месец и реализиран откуп од претходниот месец за жита и маслодајни семиња се изготвува на хартија во бела боја во А4 формат. Формата и содржината на образецот од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог 8 кој е составен дел на овој правилник.

Член 11

Образецот за планираните количини за откуп за наредниот месец и реализиран откуп од претходниот месец за зеленчук, компир и култивирани печурки се изготвува на хартија во бела боја во А4 формат. Формата и содржината на образецот од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог 9 кој е составен дел на овој правилник

Член 12

Образецот за планираните количини за откуп за наредниот месец и реализиран откуп од претходниот месец за жив добиток се изготвува на хартија во бела боја во А4 формат. Формата и содржината на образецот од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог 10 кој е составен дел на овој правилник.

Член 13

Образецот за планираните количини за откуп за наредниот месец и реализиран откуп од претходниот месец за сурово млеко се изготвува на хартија во бела боја во А4 формат. Формата и содржината на образецот од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог 11 кој е составен дел на овој правилник.

Член 14

Образецот за планираните количини за откуп за наредниот месец и реализиран откуп од претходниот месец за мед се изготвува на хартија во бела боја во А4 формат. Формата и содржината на образецот од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог 12 кој е составен дел на овој правилник.

Член 15

Образецот за планираните количини за откуп за наредниот месец и реализиран откуп од претходниот месец за овошје и трпезно грозје се изготвува на хартија во бела боја во А4 формат. Формата и содржината на образецот од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог 13 кој е составен дел на овој правилник

Член 16

Образецот за планираните количини за откуп за наредниот месец и реализиран откуп од претходниот месец за винско грозје се изготвува на хартија во бела боја во А4 формат. Формата и содржината на образецот од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог 14 кој е составен дел на овој правилник.

https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/legislativa-mzsv-file-BaQc.pdf

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Таг:образецоткупреистра
Претходен напис Потребна документација за запишување во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи
Следен напис Кои услови треба да ги исполнуваат откупните места за откуп на МЕД
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?