Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На Велика Британија итно ѝ требаат 800 месари, ќе понуди визи за шест месеци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На Велика Британија итно ѝ требаат 800 месари, ќе понуди визи за шест месеци
Агровести

На Велика Британија итно ѝ требаат 800 месари, ќе понуди визи за шест месеци

Објавено 14/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Велика Британија ќе понуди 800 визи за шестмесечен период поради недостаток на работна сила и прекини во синџирите на снабдување со странски месари, рече министерот за животна средина Џорџ Еустис.

Фармерите низ целата земја објаснуваат дека Брегзит и пандемијата со Ковид-19 предизвикаа вистински егзодус на работници од Источна Европа кои работеле во кланици и фабрики за преработка на месо, оставајќи свињите да се натрупаат на фирмите и нивите низ целата земја.

„Ќе им дозволиме на работниците од кланиците и фабриките за преработка на месо да дојдат шест месеци како дел од програмата за сезонски работници“, објасни Еустис.

„Ова ќе ни помогне да го решиме проблемот со премногу свињи на фармите и ќе им овозможи на производителите на месо да заколат што е можно повеќе свињи“, додаде министерот.

Според него, ќе бидат потребни околу 800 месари. Тој, исто така, објасни дека индустријата за производство на свињи, и прехранбената индустрија воопшто, изгубиле голем број работници поради пандемијата, а не Брегзит.

„Можеа да останат, но многумина од нив сакаа да бидат со своите семејства во тешкиот период на пандемијата, па ја напуштија Британија“, рече Еустис.

Тој, исто така, најави дека транспортните правила за возачите од ЕУ ќе бидат олабавени и дека ќе можат да патуваат во Британија колку што сакаат во текот на двонеделниот период.

Извор – Либертас

Може да ви се допадне

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Таг:европамесари
Претходен напис Тетово доби прва вендинг машина за рециклирање на пластични шишиња и лименки
Следен напис (ВИДЕО) Нешто ново: Како да направите грозје во тегла за зима
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?