На британскиот пазар сè уште му се заканува недостиг на храна. Од Брегзит, излегувањето на земјата од Европската Унија, полиците во супермаркетите се празни, а недостатокот на храна секој ден станува сѐ повидлив, пренесуваат странските медиуми.
Се верува дека состојбата уште повеќе ќе се влоши, бидејќи вчера, на првиот ден од годинава, во целост стапи граничната контрола на увозот, што значи дека увозниците на испораките мора однапред да ги пријават царините. Овие нови британски мерки може да создадат тесни грла во снабдувањето со храна, а владата веќе еднаш ги суспендираше, бидејќи не можеше да најде решение.
Најпогодено е свињарството
Ситуацијата со гоење и одгледување свињи сѐ уште изгледа безизлезна. Министерот за животна средина Џорџ Јустис тврди дека владиниот пакет за поддршка за секторот ќе помогне да се намали тековниот заостаток и дека помошта е во тек, пренесува PigProgress. Тој посочува дека реакцијата на индустријата на визите за месарниците е позитивна и предложи, по состанокот со преработувачите, да ја разгледа можноста за продолжување на Програмата за помош при приватно складирање (PSA) и шемата за поттикнување на плаќањата за колење (Slaughter Slaughter Payment Scheme) до март оваа година.
„Ако овие програми се прошират, индустријата мора да направи сѐ што е во нејзина моќ за да ги искористи со цел да ја максимизира дополнителната работна сила што доаѓа под визната шема за да се решат заостатоците“, рече тој.
Роб Мутимер, претседател на Националната асоцијација на одгледувачи на свињи, го замолил министерот за животна средина да свика тркалезна маса со преработувачи, трговци и производители за да разговараат за кризата, велејќи дека од пакетот за поддршка досега имало малку го корист.
Индустријата губи милиони
Податоците од Комитетот за развој на земјоделството и хортикултурата (АХДБ) покажуваат дека производителите изгубиле 30 евра по грло свињи во првата половина на 2021 година, што значи дека индустријата во Велика Британија изгубила неверојатни 171 милион евра или 946.000 евра дневно.
Покрај проблемите со работната сила, производителите се соочуваат со зголемени влезни трошоци, вклучително и добиточна храна, како и дополнителни инвестиции за исполнување на законите за емисии.
