Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На српскиот граничен премин Прешево поставен знак и посебна лента за превозниците од „Отворен Балкан“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На српскиот граничен премин Прешево поставен знак и посебна лента за превозниците од „Отворен Балкан“
Агровести

На српскиот граничен премин Прешево поставен знак и посебна лента за превозниците од „Отворен Балкан“

Објавено 07/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за финансии во Владата на Република Србија, Синиша Мали денеска изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ има за цел значително да го забрза протокот на стоки и услуги, да создаде единствен пазар на труд и подобри деловни услови за компаниите, што неминовно ќе доведе до побрз економски развој и повисок животен стандард на граѓаните на земјите потписнички на договорот во рамките Отворен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти српското министерство за финансии, на влезната (српската) страна на граничниот премин Прешево-Табановце е поставен знак „Отворен Балкан“, со кој се означува лентата наменета за превозници на компании од Србија, Македонија и Албанија со статус на овластен деловен субјект (АЕО). Министерот Мали најави дека ќе се продолжи со спроведувањето на иницијативата Отворен Балкан, со цел да се олесни бизнисот на стопанството и да се забрза протокот на стоки.

-Камионите не треба да чекаат со часови на границите, туку сите потребни процедури да се спроведат брзо и ефикасно, нагласи министерот Мали и додаде дека на овој начин се слуша гласот на стопанството и влијанието на натамошното подобрување на економскиот амбиент.

Тој напомена дека Отворениот Балкан е од големо значење за зајакнување на регионалната соработка и зајакнување на нашите економии и потсети дека во рамките на наведената иницијатива се потпишани договори кои освен за олеснување на трговијата треба да придонесат и за соработка во областа на храната, фитосанитарната и ветеринарната инспекција. Како што се наведува во соопштението, Мали потсети и дека е потпишан договор со кој ќе се овозможи воведување единствена работна дозвола меѓу Србија, Македонија и Албанија, што ќе направи да сме уште попривлечни за инвеститорите, кои ќе можат да добијат работници од сите три земји.

-Ги решаваме прашањата што ја мачат економијата, како што се чекањето на границите и комплицираните административни процедури или недостигот на работна сила. Сето тоа се работи кои носат многу придобивки за сите земји членки на Отворениот Балкан, заклучи Мали, соопштија од срспкото министерство за финасии.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:open balkan
Претходен напис Јавен повик за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии
Следен напис Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?