Популарноста на модриот патлиџан е најголема во медитеранските земји, бидејќи овој зеленчук сака сонце, и е неодминлива намирница во чиниите. Модриот патлиџан ќе успее, освен во градина и пластеник и во саксија или во дрвен сандак. Она што е важно да се знае е дека модриот патлиџан има мала калориска вредност.
На што треба да внимавате за да добиете здрави, големи и вкусни плодови?
Најважни услови за одгледување се сонце и топлина, а потоа наводнување, односно доволно влага и по тоа е многу сличен на пиперката.
Одгледувајте го од пикирани расади и тоа откако ќе престанат мразевите. Засадете го расадот во редови на растојание од 70 см, со тоа што во редот еден од друг да бидат оддалечени околу 40 см. Би било најдобро во дупките да ставите и арско ѓубре како прв слој, а подоцна можете да додавате минерално ѓубриво. Откако ќе ги засадите во јамички и ќе ги затрупате со земја, наводнете ги со најмалку 1 литар вода.
Немојте да брзате со првото окопување, направете го тоа дури три до четири недели после садењето и немојте да го садите на исто место бидејќи ќе даде послаб род.
Садете го на земја на која како преткултури биле ротквица, марула или малд кромид, а избегнувајте места каде што сте одгледувале домат или компир. Во текот на одгледувањето би било добро да се реже и да се прекратуваат врвовите на листовите на растението. Врвовите кратете ги кога патлиџанот ќе развие пет до шест плодови. Гранките кои немаат цвет отстранете ги.
Извор: agrosavjet.com
