Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На пожарот на планината Готен се дејствува и од земја и од воздух
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На пожарот на планината Готен се дејствува и од земја и од воздух
Агровести

На пожарот на планината Готен се дејствува и од земја и од воздух

Објавено 28/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Состојбата со пожарот на планината Готен на беровската страна е критична, неповолна и зафаќа нови површини, изјави денеска за МИА градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.

-Заштитниот појас, кој претходно беше направен од општествено одговорната компанија „Би груп“ е пробиен. Побарана е поддршка и од повисоко ниво. Така да цениме дека во текот на денот, таа поддршка да делува и да влијае на скоро локализирање на истиот.Но, состојбата е навистина критична, вели Пекевски.

Посочува дека во моментов гори високостеблеста шума, пожарот е високо во планината. Но, какошто вели ќе има ризик по населени места, доколку се пробие заштитниот појас и да почне да се симнува кон населените места во беровскиот регион.

-Доколку е потребна евакуација на одредени земјоделски стопанства, или луѓе кои чуваат добиток на планината. Генерално населените места сега, засега се безбедни. Но, постои ризик доколку навреме не се делува да пожарот се спушти во нивна близина, вели Пекевски.

Инаку, Општина Берово и синоќа имаше состанок на Општинскиот кризен штаб, на кои се направени координации и се упати апел граѓаните да се вклучат во гаснење на пожарот на планината Готен.

Пожарот на планината Готен веќе над десет дена е активен, почна од страната на Општина Василево и се прошири на шумскиот предел на општините Радовиш и Берово. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека на страната на Општина Радовиш од утринава од  воздухот дејствуваат два ер трактори и еден полициски хеликоптер.

-Има и огромна маса на луѓе коишто штитат и недзоволуваат пожарот да се симне надолу. Работи и механизацијата, тука се и специјализираните возила и во моментов се трудиме да го застанеме огнот, на една пресека којашто е направена, за да не ги загрози населените места, вели Михаилов.

Тој се надева дека координациите и делувањето на сите институции ќе дадат резултати, со цел овој голем шумски пожар се стави под контрола.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:готенземја и од воздухпланинатапожарот
Претходен напис Фондот за пензиско воведува СМС известувања за подигнување решенија за пензија
Следен напис (ВИДЕО) Земјоделци од Меџитлија изораа обрач за да го запрат пожарот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?