Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На Попова Шапка утрово најстудено и најголемо количество врнежи, времето денеска променливо облачно и потопло
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > На Попова Шапка утрово најстудено и најголемо количество врнежи, времето денеска променливо облачно и потопло
Агропрогноза

На Попова Шапка утрово најстудено и најголемо количество врнежи, времето денеска променливо облачно и потопло

Објавено 24/04/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најниска температура, 0 степени, утрово е измерена на Попова Шапка, каде што има и најголемо количество врнежи во изминатите 24 часа – 29 литри на квадратен метар.

Како што соопшти УХМР, во 8.30 часот се измерени 3 степени во Маврови Анови и Лазарополе, 4 во  Крушево, 5 степени во Битола и Претор, 6 во Тетово и Прилеп, 7 степени во Скопје (Зајчев Рид), Охрид и Берово, 8 степени во Скопје (Петровец) и Кавадарци, 9 во Куманово, 10 во  Штип, Струмица, Крива Паланка, Велес, Виница и Гевгелија и 11 степени во Демир Капија и Виница.

Во изминатото деноноќие, според мерењата во 7 часот за наврнат воден талог, 26 литри на квадратен метар се измерени во Пожаране, 24 во Тетово, Маврови Анови и Охрид, 23 во Битола, 22 во Штип, 20 во Ѓуриште, 18 литри на квадрат во Претор и Крушево, 17 во Прилеп и Куманово, 15 во Скопје (Петровец) и Виница, 14 литри во Гевгелија, 13 во Скопје (Зајчев Рид), Крива Паланка, Кавадарци и Тополчани, 12 во  Велес, 11 во Струмица, 10 литри во Берово, 9 во Лазарополе, 7 во Дојран и 5 литри на квадратен метар во Демир Капија.

-Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, наведува Управата за хидрометеоролошки работи. 

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови од земјава повремено засилен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 24 степени.

-Во Скопје  променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 22 степена, инфоримира УХМР. 

Може да ви се допадне

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
Сончево и топло до 38 степени
Таг:врнежиНајстуденоПопова Шапкаутрово
Претходен напис Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
Следен напис Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?