Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На нивите на младиот Никола Ќиров секој ден е работно, по органската пиперка на ред дојде садење на карфиолот, зелката и модриот патлиџан, пласман има обезбедено
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > На нивите на младиот Никола Ќиров секој ден е работно, по органската пиперка на ред дојде садење на карфиолот, зелката и модриот патлиџан, пласман има обезбедено
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

На нивите на младиот Никола Ќиров секој ден е работно, по органската пиперка на ред дојде садење на карфиолот, зелката и модриот патлиџан, пласман има обезбедено

Објавено 02/07/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Еден од земјоделските производители кои ги следиме во производството од самиот почеток на сезоната е и младиот Никола Ќиров од Кавадарци.

Неговиот избор годинава е ОРГАНСКОТО производство како дел од проектот на Агротим и  Програмата за зголемување на пазарната вработливост – И.М.Е  – Договорно производство на органска пиперка и други градинарски производи.

Пиперката веќе е во фаза на цвет и засега одлично напредува. Никола вели дека не е ништо тешко да се произведува органски, единствено има потреба од повеќе работна рака, односно рачно уништување на плевелите.

Ова го потврдува и советничката за органско производство Ангела Ѓеровска.

Моментално сме на насадот каде што се одгледува органска пиперка. Се работи на чистење на тревата затоа што знаеме дека во органското производство е строго забранета употребата на хербициди. Требата треба да се исчисти за да му се даде стимул на растението да напредува без застој, вели советничката за органско производство Ангела Ѓеровска.
За органската пиперка која ја насади на 3 хектари веќе има склучено договор со преработувачкиот капацитет „ЛАРС“ од Штип, а деновиве го расади и органскиот модар патлиџан на 5 декари, зелка на 2 и карфиол на 3 декари. Од ова производсво само карфиолот не може да помине како органски бидејќи се граничи со лозје кое се произведува на конвенционален начин и нема да може да се добие сертификат за органско во преод прва година.

Очекува 30 тона модар патлиџан кој ќе се користи за производство на ајвар, како и 10-15 тона органска зелка за преработка која ќе ја купи истиот откупувач.

Преку Агротим продолжуваме да го следиме неговото производство и посакуваме да го послужи времето, да го добие очекуваниот род, да има добар профит од производството, а во државата зголемено производство на органски земјоделски култури и преработки.

За сите земјоделци уште потсетувањето дека во тек се 2 јавни огласи за земја над 3 ха и можност да се добие земја за органско производство.

Повеќе информации на Агротим.мк, а доколку имате дополнителни прашања или планирате да аплицирате за земја, ИПАРД и други повици, пишете на [email protected].

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Намаз од модар патлиџан и пиперка
Таг:договорноНиколапиепркапиперкапласмансубвенции
Претходен напис  Николовски на жетва на јачмен во светиниколско – Постигнавме висока откупна цена и очекуваме добар принос од 140 000 тони
Следен напис Земјоделците од село Сопот јавуваат за страшно невреме и врнежи од град: Уништени лозја, бостан, праски, кајсии…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?