Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На македонскиот пазар не се увезени небезбедни домати од Албанија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На македонскиот пазар не се увезени небезбедни домати од Албанија
Агровести

На македонскиот пазар не се увезени небезбедни домати од Албанија

Објавено 16/05/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Груба невистина анонимно пласирана преку социјалните мрежи е вчерашниот обид на граѓаните да им се протне лагата дека е доведено во опасност нивното здравје поради наводниот нелегален увоз на 10 камиони со небезбедни домати по потекло од соседна Албанија, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Според анонимниот загрижен автор на пораката, наводно станува збор за домати кои како небезбедни поради утврдено зголемено присуство на тешки метали и пестициди се вратени од увоз од Босна и Херцеговина или од Република Црна Гора.
„Како одговорна институција за безбедноста на храна, уште поодговорно тврдиме дека ваков таканаречен увоз не е можен, бидејќи пратки со храна, вклучително и со домати кои како небезбедни се вратени од увоз во други земји освен да транзитираат, не смеат да се увезат во државава. Од почетокот на годинава од вкупно увезените 1.819.306 килограми домати по потекло
од Република Албанија нема вратено ниту една пратка како небезбедна. Во неделата (14.05.2023 година) преку инспекциското место на ГП Табановце кое работи за време на викенд, од страна на инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, извршен е преглед и дозволен е увоз на 12 пратки со различен вид зеленчук, од кои 148.757 килограми домати. Увозот е реализиран од 11 оператори со храна евидентирани во Агенцијата за храна и ветеринарство кои за увозот ја поседуваат целокупната потребна документација.
Наводниот увоз на 10 камиони со небезбедни домати од Албанија, за кој во анонимната ФБ објава се тврди дека е реализиран деновиве, воопшто не е евидентиран од Агенцијата за храна и ветеринарство како таков, односно, досега, вклучително и викендов, не е вратена ниту една небезбедна пратка по потекло од соседна Албанија.
Апелираме граѓаните да бидат спокојни и да не наседнуваат на дезинформации, особено не на објави на социјалните мрежи зад кои се затскриваат интереси на поединци, кои, од само за нив познати причини, во име на грижа за здравјето на граѓаните пласираат невистини и ги доведуваат во заблуда потрошувачите. До анонимниот објавувач упатуваме апел доколку располага со вистините докази случајот да го пријави до надлежните државни органи.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат контроли на домашниот пазар со овошје и зеленчук, како и на пратките кои се увезуваат во земјава. Со контролите се опфатени магацините за чување на овошје и зеленчук, дистрибутивните центри и преработувачките капацитети за овошје и зеленчук. Дополнително, прометот со овошје и зеленчук се контролира и во рамки на контролите на мешовитите продавници кои вклучуваат и трговија со овошје и зеленчук и преработки од нив“, стои во соопштението на АХВ.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:АлбанијаАХВдоматинајново
Претходен напис Врнежите ја наполнија браната Калиманци, хидросистемот „Брегалница“ е во целосна функција
Следен напис Градоначалникот на Василево на средба со стопанственици од Пјаченца по потекло од Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?