Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На фармата „Зрзе“ кај Кристијан и Михаил – Нашите кокошки се капат во витамин Д од сонцето и пасат на чист планински воздух
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > На фармата „Зрзе“ кај Кристијан и Михаил – Нашите кокошки се капат во витамин Д од сонцето и пасат на чист планински воздух
Рурален Развој

На фармата „Зрзе“ кај Кристијан и Михаил – Нашите кокошки се капат во витамин Д од сонцето и пасат на чист планински воздух

Објавено 08/10/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Михаил, по професија дипломиран туризмолог и туристички водич и Кристијан Шемко, кој инаку се занимава со филмска режија и визуелна уметност, си го оствариле сонот од детството да си имаат сопствена фарма. До идејата за сопствена фарма дошле откако се решиле дека време е да променат нешто кај себе и да се занимаваат со нешто поразлично од сè што досега правеле. Михаил, претходно имал некакво искуство зашто во текот на животот дома чувал најразновидни животни од папагали, пајки, мали желки, риби, до кучиња и мачиња, додека пак, Кристијан е режисерот кој ја смислува, пишува и ја режира приказната за Фарма Зрзе.

Каде живеевте претходно и што работевте пред да се преселите на село?

– Во животот сме смениле многу места на живеење и особено сме горди на тоа бидејќи секое место каде што сме живееле, сеедно дали било погодно или не, не збогатило со прекрасни искуства кои служат како потпора за денес да знаеме како да се адаптираме на било кое ново место во кое ќе одлучиме да живееме.

Родени сме во скопската населба Чаир, каде што живеевме краток период пред да се преселиме во Сиднеј, Австралија, каде што всушност израснавме и живеевме и работевме долги години. Бидејќи сме работливи деца, досега сме се занимавале со многу професии и сме промениле многу работни места. Сме работеле во професии како ѕидари, магационери, градежници, шофери, шанкери, келнери, фотографи, сниматели, визуелни уметници итн. Од сите искуства сме научиле големи лекции поради што сме многу благодарни на нашето патешествие.

Фото: Espreso.mk

Кој сè е вклучен во работата на фармата и на што сте насочени, на кои домашни производи е вашиот фокус?

– Михаил е одговорен за производството. На пример, обезбедува беспрекорни услови за кокошките да имаат идеална нега, исхрана и заштита. Воедно складирање на јајцата и безбедно пакување за подготовка за транспорт. Јас, (Кристијан) сум задолжен за маркетингот. На пример, водење на социјалните мрежи, смислување дизајн за продуктите, комуникација со клиенти, спроведување нарачки, како и транспорт на продуктите до купувачите. Нашата мајка Ружица, или Мама Роуз, е задолжена за подготовка на највкусните домашни јуфки кои се правени со нашите еко јајца и со многу љубов бидејќи Ружица е многу страствена за готвење уште од мали нозе. Целиот дом ѝ е преполн со рецепти и секогаш знае за ручек или вечера да не изненади со некој специјалитет, домашен или интернационален. Мило ни е што пораснавме со нејзината прекрасна храна.

Засега, фокусирани сме само на јајца од кокошки пуштени на отворени пасишта и домашни јуфки. Сметаме дека се доволни овие два производа, иако во иднина планираме да воведеме новитети како јајца од препелици и пилешко месо од кокошки кои пасат на отворени пасишта.

Нашите кокошки се одгледуваат во хумани услови, со беспрекорна нега, балансирана исхрана, шетаат слободно и пасат на прекрасните ливади во село Зрзе на чист планински воздух и се капат во витамин Д од сонцето.

Фото: Espreso.mk

Какви услови нуди селото за да може фармата соодветно да функционира, дали нешто недостига?

– Од аспект на овој начин на одгледување кокошки, кој е најприроден за кокошките, селото овозможува одлични услови. Село Зрзе изобилува со прекрасна природа и ливади на кои кокошките обожаваат да шетаат и да се хранат со се што природата им дала како дел од нивната балансирана исхрана. Местоположбата е исто супер бидејќи средината е еколошка со чист воздух и има одлична вегетација што на село Зрзе му го овозможува тој природен примат погоден за секаков тип одгледување животни на отворени пасишта.

Колку државата е заинтересирана за поддршка на руралната средина?

– Судејќи според зголемениот обем на туристи, и домашни и странски, што го негуваат селскиот туризам, веруваме дека државата одлично си ја врши промоцијата на прекрасните села во Македонија. Нè радува фактот што селата почнавме да ги доживуваме како богато наследство од нашите предци. Ги гледаме селата како холивудски сет. Гледаме по тоа што нашите пријатели постираат на социјалните мрежи. Убаво е да се негуваат традициите бидејќи тие создаваат чувство на верба и припадност, не учат како да го цениме она што е најважно во животот, а тоа е убавиот однос со семејството и блиските, топлиот оган во зимата, мирисот на духовниот дом, вкусниот зеленчук од бавчата, малите секојдневни нешта кои се на дофат и се бесплатни, а кои воедни се и бесценети.

Остатокот од текстот можете да го прочитате на Еспресо.мк.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:зрзе
Претходен напис Најмногу дожд во Крушево, Пожаране и Попова Шапка, врнежи и за време на викендот и следната недела
Следен напис (Видео) Знаете ли какви звуци испуштаат? Морскиот лав како расипан камион, гасеницата како детска играчка, а слушнете ги козата и коалата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?