Во организација на „Слоу Фуд Македонија“, се одржува Винскиот салон Битола, Slow Wine 2022.
Вечерва од 17- 23 часот, на големата сцена на Центарот за култура, се одржува четвртото издание на SLOW WINE 2022- Вински салон Битола.


Целта на овој настан е претставување на новата винска сцена во Македонија, која ја новиот бран од преку 70 млади винари што носат свежина, енергија и смела визија за нивните семејни винарии. Слоу Фуд Македонија избра фина селекција од винари и вина кои ќе ги претстави на ова издание на салонот.


И овој вински салон ја продолжува својата мисија – да презентира и промовира нови производители на вино, кои ќе понудат дегустација на вина направени со страст. На овој начин во континуитет се гради винската култура во нашиот регион, се едуцира за значењето на поднебјето и секако се создаваат нови херои на винската сцена.



