Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На 100 години почина академик Ѓорѓи Филиповски, еден од основачите на Земјоделско-шумарскиот факултет
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > На 100 години почина академик Ѓорѓи Филиповски, еден од основачите на Земјоделско-шумарскиот факултет
Магазин

На 100 години почина академик Ѓорѓи Филиповски, еден од основачите на Земјоделско-шумарскиот факултет

Објавено 22/12/2019
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

После еден век на 21.12.2019 година, престана да чука срцето на легендата на македонската наука, единствениот жив од основачите на Земјоделско-шумарскиот факултет (1947), Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” (1949) и единствениот од првиот состав на МАНУ (1967), Академик Проф. Д-р Ѓорѓи Филиповски! Вечна му слава!

Во мај годинава, во МАНУ беше одбележан стотиот роденден на академик Ѓорѓи Филиповски, како единствен жив од тројцата основачи на МАНУ во 1967 година.

Академик Ѓорѓи Филиповски, на 6 мај наполни 100 години.

По повод овој голем јубилеј, во Македонска Академија на науки и уметности, беше одржана свеченост . Академик Филиповски, заедно со академиците Блаже Конески и Харалампије Поленаковиќ, беа тројцата членови на првата комисија задолжена за формирање на МАНУ.

Академијата е основана на 23 февруари 1967, а прв претседател беше академик Блаже Конески.

Академик Филиповски пред две години, на 98 годишна возраст, учествуваше на прославата на 50 години од формирањето на научната установа.

Тој ги воодушеви присутните со својата умствена, па и физичка виталност.

Академик Ѓорѓи Филиповски пред две години говореше на 50 годишнината од основањето на МАНУ

На бината се качи со помош на неговите внуци, но од говорницата половина час течно раскажуваше за почетоците на МАНУ, без потсетник.

Ова наиде на воодушевување кај присутната публика, која го пречека и испрати од бината со долготраен аплауз.

Филиповски зборуваше за несебичната помош на владата на Социјалистичка Република Македонија, која пред 5 децении широкоградо овозможила да се формира оваа национална научна установа и низ годините секогаш ја поддржувала.

Тој изрази жалење што денешните влади немаат чувство за науката. Рече дека МАНУ е независна институција и сите години, па и во еднопартискиот систем, одолевала на партиски влијанија и притисоци.

,,Тоа успеавме да го направиме дури и во последните 10 години“-забележа академик Ѓорѓи Филиповски.

Академик Филиповски важи за основоположник на современите педолошки истражувања . Неговите најзначајни активности од наставно-научната и општествена дејност се и сведоштво за почетоците на формирањето на првите високообразовни институции во земјата како Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“,  Земјоделско-шумарскиот факултет и МАНУ.

Објавил над 200 научни трудови и 19 монографии во наши и странски списанија. Две монографии му се преведени на англиски јазик во САД. Трудовите му се од повеќе области на педологијата, областа на географијата, генезата и класификацијата на почвите, како и од областа на мелиорациите и ерозијата на почвите. Негово капитално дело е „Почвите на Република Македонија“ во 6 томови во издание на МАНУ. Во 2016 е промовирана напишаната студија од 250 страници во која се објавени резултатите од седумдецениските истражувања на почвите на Република Македонија заедно со Педолошка карта.

Како експерт на ФАО бил во повеќе земји на Југоисточна Европа во врска со составувањето на педолошки карти, a како експерт на нашата земја престојувал во Египет во врска со користењето на водите од Асуанската брана за мелиорација на солените почви. Бил на специјализација, студиски престој или присуствувал на меѓународни и национални конгреси и држел предавања во Франција, Германија САД, Русија, Швајцарија, Велика Британија и во други земји.

Комеморацијата за академик Ѓорѓи Филиповски ќе биде одржана во понеделник, 23.12.2019 година во МАНУ во 11 часот, а погребот во 13 часот.

Извор: Ако.мк

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:100 годиниЃорѓи Филиповскиземјоделскифакултетшумарски
Претходен напис Екс министерот за земјоделство, Николовски доби признание од СОС Детско село, бидејќи ги донирал сите министерски дневници
Следен напис Студијата за животна средина за изградба на брана на река Отиња одобрена од МЖСПП
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?