Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Земјоделците ќе можат да ги извршуваат своите работни активности на земјоделските површини и фарми кои се наоѓаат во атарот на своето село, останатите ќе треба да вадат дозвола за движење
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Земјоделците ќе можат да ги извршуваат своите работни активности на земјоделските површини и фарми кои се наоѓаат во атарот на своето село, останатите ќе треба да вадат дозвола за движење
Агровести

МЗШВ: Земјоделците ќе можат да ги извршуваат своите работни активности на земјоделските површини и фарми кои се наоѓаат во атарот на своето село, останатите ќе треба да вадат дозвола за движење

Објавено 06/04/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во однос на новата забрана за движење што ја донесе Владата на Република Северна Македонија, а којашто стапува во сила од среда (08.04.2020), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците:

-Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површини и на фармите, а кои се наоѓаат во атарот на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

-Земјоделците пак чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото во кое живеат и треба да патуваат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење. Тие што имаат извадено дозволи истите ќе им важат и за овие нови мерки од Владата

Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата кадешто им се наоѓа земјоделската површина или фарма, ќе биде по претходно воспоставениот принцип, преку Подрачните единици на МЗШВ. Досега, се издадени 3.491 дозвола за движење на земјоделци заради извршување на работните обврски.

Ги повикуваме земјоделците да ги почитуваат новите препораки на Владата, и движењето да го користат исклучиво за работни обврски, со цел заеднички да придонесме во справувањето со коронависрусот во нашата држава.

Може да ви се допадне

До 25% од буџетот на ЕУ за земјоделство – еве што ќе понуди Бугарија
Конференција: На македонската економија и требаат знаење, вештини и иновации, не само дипломи
Угостителски услуги во мај на годишно ниво поскапи за 2,6 отсто
Австралија заплени рекордни 100.000 илегални егзотични лебарки
УЈП и Шведската даночна администрација го одржаа првиот состанок на УО на заедничкиот проект за модернизација
Таг:движењедозволаполициски час
Претходен напис Поевтинуваат дизелот и бензините, Регулаторна го објави новиот ценовник
Следен напис АХВ: Да се избегнува користење на апарати за кафе и за вода
1 коментар 1 коментар
  • Dejan напиша:
    на 07/04/2020 г. во 08:42 часот

    Elektronski nacin za podnesuvajne barajne za dozvola za dvizejne,rabota na farma

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?