Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Започна министерската конференција за шумарство – Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Започна министерската конференција за шумарство – Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите
Агровести

МЗШВ: Започна министерската конференција за шумарство – Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите

Објавено 06/10/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска е домаќин на првата министерска конференција за шумарство – „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“, а на која учествуваат министрите за земјоделство на Црна Гора, Албанија, Косово и Бугарија, бројни експерти и професори во областа на шумарството од земјава и регионот.

Целта на министерската конференција е зајакната регионална соработка во областа на шумарството, активно вклучувајќи се во спроведувањето зелена агенда како глобална определба на земјите во светот.

„Основната цел на оваа конференција, е токму во таа насока, да заеднички ја зајакнеме улогата на шумарскиот сектор, зајакнувајќи го неговиот придонес во националната економија преку подобрен мониторинг и планска обнова на шумите, како и зајакнување на руралниот развој промовирајќи ги природните шумски убавини до секој еден човек. Шумите се од витално значење за одржување на животот на нашата планета, обезбедувајќи ни чист воздух, вода и биодиверзитет, како и зајакнување на нашата отпорност на климатските промени. Шумите се природното богаство на секоја една земја. Особено ме охрабрува колективната посветеност која ја гледам, за зачувување на нашите шуми и благосостојбата на нашите заедници“, истакна министерот Николовски во своето поздравно обраќање на министерската конференција.

Како министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата на Северна Македонија, зелената транзиција, зачувувањето и развивањето на шумите ги имаме поставено високо меѓу нашите пет клучни приоритети. Посветено работиме во унапредувањето и заштитата на македонските шуми, потоа развојот на руралните средини и заштита на животната средина.

Преку програмата за проширена репорудкција на шумите, како министерство, јасно си поставуваме насоки за планско пошумување на голини, ерозивни земјиште и санирање на опожарени шумски предели. Преку оваа програма минтатата година задени беа над 400.000 садницни на повеќе предели низ државата, додека за оваа 2023 година е предвидено засадување на 1.200.000 садници.  

Денешната агенда на министерската конференција е исполнета со многу дискусии и презентации, кои несомнено ќе добинесат во креирање на најдобрите практики во зачувување и обновувањето на шумите.

Во текот на министерската конференција, За време на министерската Тркалезна маса, свои обраќања ќе имаат министерот Љупчо Николовски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора, Владимир Јоковиќ, министерка за земјоделство и рурален развој на Албанија, Анила Денај, министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Косово, Фатон Пеци и заменик министерот за земјоделство и храна на Бугарија, Мирослав Маринов, каде ќе разговараат за обновувањето на шумите и пошумувањето како стратегии за справување со предизвиците од климатските промени во нашиот регион.

Министерот Николовски изрази благодарност до Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), за континуирана поддршка која како министерство ја имаме, заедно работејќи на повеќе проекти за подобрување на земјоделството и шумарството во Северна Македонија. Партнерски и со поддршка на ФАО беше органзиирана и денешната прва министерска конферецнија за шумарство. Дополнително министерот Николовски упати благодарност и до Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем, кој како ценет партнер на министерството има важна улога во зачувувањето и унапредувањето на македонските шуми.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:мзшвминистерската конференцијашумарство
Претходен напис Јаневски: Туризмот како никогаш досега им е потребен на економиите на земјите на Балканот
Следен напис Николовски: Водиме искрена грижа, ги заштитуваме и развиваме македонските шуми – Зелената транзиција е наш важен приоритет
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?