Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Владата ги прифати новите мерки за поддршка на пченица, јачмен и ориз   
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Владата ги прифати новите мерки за поддршка на пченица, јачмен и ориз   
Агровести

МЗШВ: Владата ги прифати новите мерки за поддршка на пченица, јачмен и ориз   

Објавено 11/07/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на денешната седница ги усвои предложените мерки за поддршка на производителите на јачмен, пченица и ориз.

Нови мерки за поддршка на земјоделците, навремено и на самиот почеток од жетвата, подготвени во консултации со подсекторската група за жито. Мерки прифатени од земјоделците и во интерес на земјоделците.

Со измени на Уредбата за директни плаќања креираме мерка, дополнителна субвенција, за остварено производство на јачмен во вредност од 12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање. Мерка наменета за производителите на јачмен, кои оствариле минимален принос од 3.000 кг/ха и кои своето производство го имаат продадено кај регистрирани откупувачи, или складирано во регистрирани објекти, продадено на домашни фарми, или пак производството го искористиле во сопствените фарми во период до 31 август 2023 година.

Преку измени во Програмата за директни плаќања кај мерката 7 ја зголемуваме поддршката и го зголемуваме рокот за предавање во складишни капацитети на производството од пченица и јачмен, кој наместо од 1 август, ќе почнува од 15-ти јуни и ќе трае до 1 септември 2023 година. Ваквата измена е со цел да ги опфатиме и оние земјоделци кои досега веќе го предале своето производство. Сите земјоделци кои ќе го предадат производството на складирање заклучно со 1 септември ќе можат да добијат финансиска поддршка за целиот период, додека количините се во складиштата, односно до крајот на годината. Преку измените кај оваа мерка се зголемува и финасиската поддршката која од 500.000 денари се згулемува на 1.500.000 денари по корисник.

Нова мерка за подршка е донесена и за проиводителите на ориз, менувајќи ја подмерката 1.2 од Уредбата за директни плаќања. Преку измените висината на дополнителни директни плаќања за ориз изнесува 12.000 денари по хектар без употреба на сертифициран семенски материјал, а 19.000 денари по хектар со употреба на сертифициран семенски материјал. Сите земјоделци кои имаат засеано површини со ориз, со сертифициран семенски материјал, доказите за набавка на истиот треба да ги достават до подрачните единици на МЗШВ, каде што имаат поднесено барање за финансиска поддршка, најдоцна до 14 јули.

Мерките кои Владата ги усвои на денешната седница претставуваат континуитетот во подршката на домашното прозиводство, што е и главната цел на Националниот план за производство на храна, што беше донесен минатата година.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:владајачменориз
Претходен напис Внимавајте при употребата на сол против мравки, полжави, кромидова мува – можете да направите непоправлива штета
Следен напис Времето денеска сончево и многу топло со УВ индекс 10
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?