Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Вистината наспроти лагите на Трипуновски – до 2016 година ниту една набавка на униформи, во 2020 набавени 400 комлети униформа за шумската полиција и за 30% зголемена плата на шумските полицајци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Вистината наспроти лагите на Трипуновски – до 2016 година ниту една набавка на униформи, во 2020 набавени 400 комлети униформа за шумската полиција и за 30% зголемена плата на шумските полицајци
Агровести

МЗШВ: Вистината наспроти лагите на Трипуновски – до 2016 година ниту една набавка на униформи, во 2020 набавени 400 комлети униформа за шумската полиција и за 30% зголемена плата на шумските полицајци

Последна измена: 07/03/2024 19:12
Сподели
3 мин. за читање
Сподели


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во интерес на точно информирање на јавноста повторно демантира уште една лага пренесена од дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски, овој пат во врска со шумската полиција.

Лага е дека денес шумската полиција е во катастрофална состојба, а вработените немаат униформи за работа. Она што е вистина е дека токму од 2017 година започнуваат вистинските и сериозни вложувања за подобрување на условите во кои работат шумските полицајци, како и подобрување на нивните права.

Имено, фактичката состојба е следната: 

Платата на шумската полиција е зголемена за 30% и редовно се исплаќаат сите додатоци на плата, а вработените добиваат и годишен регрес. Само за споредба, платата на еден шумски полицаец во 2016 година изнесувала 19.000 денари, додека во 2024 година платата на еден шумски полицаец, заедно со додатоците на плата за празнични и ноќни часови изнесува 44.000 денари.

После 13 години, со средства од националниот буџет во 2020 година набавени се нови 400 униформи за припадниците на шумската полиција. Споредбено со перидот до 2016 година, ваква набавка не е ниту планирана, ниту извршена. Дополнително, во 2022 година како донација од Италијанските Карабинери за потребите на македонската шумска полиција пристигнати се над 46.000 парчиња униформи, мантили, кошули, елеци, џемпери, маици, чизми, ранци, кабаници и друга дополнителна опрема во вредност од 4,2 милиони евра.

За прв пат во 2018 година се отпочна со уредување и опремување на работните канцеларии на шумската полиција, набавувајќи нова опрема и канцелариски мебел. За разлика од приодот до 2016 година, денес секоја полициско шумска станица е обзезбедена со интернет врска.

Шумската полиција денес е опремена, со мотивирани и почитувани вработени, кои заедно со припадниците на МВР во заедничките акции водат успешна борба против бесправната сеча на нашите шуми. Па така, само за периодот од 2020 до 2023 година поднесени се над 6.000 прекршочни и кривични пријави до надлежните служби и изречени се над 3.100 правосилни пресуди. Привремено се одземени над 10.000 метри кубни дрвна маса од огревно дрво, трупци и друго техничко дрво. Одземени се 248 товарни возила, 1.009 патнички моторни возила, 112 трактори, над 400 приколки и запреги, 471 моторни пили, 122 рачни пили и над 400 секири и друга опрема за сечење дрва.

Ова се фактите, ова е вистината. Сите овие години работиме посветено и одговорно, вложувајќи во сите области на министерството. Нашите вложувања, мерки и политки даваат значителни резултати.

Може да ви се допадне

Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво 
На граничните премини Табановце и Богородица се чека 30 до 40 минути
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Таг:400 комплетимзшвТрипуновскУниформишумска полиција
Претходен напис Во месецот на жената ГРАТИС патничко осигурување и 20% ПОПУСТ на домаќинско и приватно здравствено осигурување
Следен напис Променливо облачно со сончеви периоди и слаб локален дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?