Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Важно е да има соработка и договор помеѓу земјоделците производители на вишни и откупувачите.
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > МЗШВ: Важно е да има соработка и договор помеѓу земјоделците производители на вишни и откупувачите.
АгровестАгровести

МЗШВ: Важно е да има соработка и договор помеѓу земјоделците производители на вишни и откупувачите.

Објавено 16/06/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бербата на вишни е во полн ек. И во оваа гранка е важно да има соработка и договор помеѓу земјоделците производители на вишни и откупувачите.

Денеска, министерот Трајан Димковски заедно со градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев, ја посетија компанијата “Фруктана”, којашто откупува и преработува вишни, друго овошје и зеленчук. Се разговараше за нивните планови за откуп на вишни и за откупната цена, како и за идните инвестиции во компанијата преку мерките од ИПАРД2 програмата. Преработувачката индустрија има клучна улога во обезбедувањето на пласман на земјоделските производи, вклучително и на вишните.

Исто така, минисерот Трајан Димковски заедно со градоначалникот на Општина Василево Марјан Јанев, остварија средба со дел од откупувачите и преработувачи на вишни и со претставници на Здружението на производители на вишни од Василево.

Ги слушнааа и предлозите на земјоделците производители на вишни за начинот на годинешниот откуп на вишни и за откупната цена.
Со цел да има непречен откуп на вишни, МЗШВ како ресорно министерство ќе организира и заедничка средба со земјоделците и откупувачите.

На средбата, министерот ги информираше земјоделците и за новиот Правилник за флексибилност за растително производство, кој што овзможува продажба на прерaботки од земјоделски производи од куќен праг.

Земјоделците и откупувачите, мора да градат партнерски однос, што е важно за стабилен пласман на земјоделските производи. МЗШВ и во следниот период ќе креира мерки за поддршка на примарното производство и на преработувачката индустрија, како две клучни алки за одржливо земјоделско производство.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:берба на вишнивишнимзшвФруктана
Претходен напис Се нудеа и петстотини денари за килограм смрчки, ама пролетва природата даде само за сопствено задоволство и уживање
Следен напис Утре истекува рокот за промена на податоци во ЕРЗС
1 коментар 1 коментар
  • PETKO напиша:
    на 16/06/2020 г. во 14:48 часот

    Cenata Na visnjata kolku ce bide toa ne kazavte

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?