Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сака да воспостави системско подобрување на работењето на земјоделските задруги, информира министерот Љупчо Николовски
„Заедно со земјоделските задруги разговараме, разменуваме идеи, мислења и препораки, кои ќе бидат од голема помош при финализирање на финансиската поддршка за земјоделските задруги. МЗШВ сака да воспостави системско подобрување на работењето на земјоделските задруги, како и развој на одржлив екосистем, кој ќе придонесе во поттикнување, препознавање, поддршка и развој на земјоделските задруги. Со ова го унапредуваме задругарскиот сектор, и ја зголемуваме конкурентноста на земјоделските задруги.“, стои во фејсбук-објавата на Николовски.
