Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Потсетување до земјоделците дека до 15 декември е крајниот рок на аплицирање за финансиската поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство од род 2023 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Потсетување до земјоделците дека до 15 декември е крајниот рок на аплицирање за финансиската поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство од род 2023 година
Агровести

МЗШВ: Потсетување до земјоделците дека до 15 декември е крајниот рок на аплицирање за финансиската поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство од род 2023 година

Објавено 12/12/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува земјоделците, производители на пченица и јачмен дека до 15 декември 2023 година е крајниот рок за поднесување на барањата за финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство од род 2023 година.

Финансиската поддршка можат да ја искористат производителите на пченица и јачмен, кои производството од реколтата 2023 година, го имаат складирано кај регистриран складиштар.

Како прифатливи количини се максимум складирани 5.000 тони по земјоделско стопанство, одделно за пченица и за јачмен, а максимум прифатлива количина 5 тони по хектар пријавена површина со соодветната култура. Висината на поддршката изнесува 100% од трошоците за складирање и чување, со максимум прифатлива цена на услугата од 120 денари по тон за еден месец.

Земјоделците барањата треба да ги поднесуваат директно во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на рачно пополнет образец. Барање до Агенцијата поднесува земјоделско стопанство, кое претходно има поднесено барање за директни плаќања за засеана површина со пченица или јачмен.

Во прилог на барањето се доставува договор за складирање и потврда за извршено складирање. Пченицата и јачменот треба да се предадени на складирање кај регистрирано складиште во периодот од 15 јуни до 1 септември 2023 година. Периодот пак на складирање на пченицата и јачменот треба да биде од најмалку 2 до најмногу 9 месеци.

Средствата се исплаќаат на сметка на складиштарот, во име и за сметка на барателот. Складиштарот потребно е секој последен ден во месецот, за тековниот месец, до АФПЗРР да ги доставува следните потатоци: име и презиме/назив на корисникот, ЕМБГ/ЕДБ, ИДБР на земјоделското стопанство, состојба на залихите за секој корисник одделно и единечна цена на извршената услуга за складирање на образец кој е утврден од Агенцијата.

Земјоделците, образецот за поднесување на барање, Потврдата и Образецот за достава на податоци од страна на складиштарот, можат да ги превземат од веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk,  во делот Директни плаќања 2023 – Обрасци.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:15 декемвриаплицирањеземјоделцитемзшв
Претходен напис Бабовски учесник на петтиот состанок на Форумот на директори на ветеринарните служби од Западен Балкан
Следен напис Во Земјоделското училиште Кавадарци доделени награди за најдобри вина произведени од средношколци идни енолози
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?