МЗШВ организира јавна расправа за Нацрт-стратешки план за развој на земјоделските задруги (2022-2028)
Јавната расправа ќе се одржи на 19 октомври (вторник) со почеток во 10:00 часот во големата сала на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Нацрт – стратешкиот план за развој на земјоделските задруги (2022-2028) е обезбеден преку проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, кој финансиски е поддржан од Европската Унија, а имплементиран од страна на CARE International и Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП).
Визијата на стратегијата е да се создаде подобра иднина во која земјоделските задруги ќе можат да ги подобрат своите економски резултати и да го засилат своето социјално влијание без да го зголемат својот еколошки отпечаток. Ова ќе се постигне со одделување на економскиот раст од еколошкото влијание и негово поврзување со социјалното влијание. Иновациите и технологијата ќе играат клучна улога за постигнување на целите на стратегијата.
МЗШВ организира Јавна расправа за Нацрт-стратешки план за развој на земјоделските задруги (2022-2028)
Остави коментар
Остави коментар
