Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ одржа форум за унапредување на спроведувањето и користењето на средствата од ИПАРД 2014-2020
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ одржа форум за унапредување на спроведувањето и користењето на средствата од ИПАРД 2014-2020
Агровести

МЗШВ одржа форум за унапредување на спроведувањето и користењето на средствата од ИПАРД 2014-2020

Објавено 07/10/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Секторот за управување со ИПАРД фондови при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство почетокот на оваа недела го одбележа со одржување на Форум за унапредување на спроведувањето и користењето на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020. На 6-ти и 7-ми октомври, во хотел Аурора во Берово, се одржа дводневниот форум каде што беа претставени ИПАРД можностите за македонските рурални средини.

На Форумот со свои презентации учествуваа Секторот за одобрување на проекти и Секторот за одобрување на исплати од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, под модераторство на Телото за управување со ИПАРД.

Презентациите и дискусиите се однесуваа за Мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства„, Мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ и Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. За сите мерки посебно беа објаснети начините за поднесување на барања за финансиска поддршка и барањата за исплата, и особено сите потребни документи при поднесувањето на барањата.

Дополнителни информации и детали за инфо деновите за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), (http://mzsv.gov.mk/), Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (http://agencija.gov.mk/) и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ( , , http://ipardpa.gov.mk/ , или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 И 047/228-370.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Ипардмзшвсредставунапредување
Претходен напис Земјоделството не може само против КОВИД, бара помош од државата
Следен напис Министерот Арјанит Хоџа и неговиот албански колега Бледи Чучи потпишаа договорот за фитосанитарна соработка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?