Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ објави 4 огласи за земја до 3 ха, можете да аплицирате за намена за спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ објави 4 огласи за земја до 3 ха, можете да аплицирате за намена за спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години
АгровестиДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

МЗШВ објави 4 огласи за земја до 3 ха, можете да аплицирате за намена за спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години

Објавено 05/06/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image


 По претходно добиена согласност од Владата на Република Северна Македонија и донесена Одлука за давање на согласност на Јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.122/22), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денес распиша четири нови ЈАВЕНИ ОГЛАСИ за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари и тоа:

  • Јавен оглас бр 01/22,за регионите: Гостивар, Дебар, Кичево, Куманово, Ресен, Тетово и Гази Баба.
  • Јавен оглас бр. 02/22, за регионите: Свети Николе, Струга, Охрид, Карпош, Кисела Вода, Чаир и Демир Хисар.
  • Јавен оглс бр 03/22 за регионите: Валандово, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Струмица, Прилеп, Пробиштип и Радовиш
  • Јавен оглас бр 04/22 за регионите: Берово, Битола, Македонски Брод, Виница, Гевгелија, Делчево, Кавадарци, Велес и Штип.

Вкупната површина која е предмет на овие Јавни огласи по региони е следна:

  • Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 735xa 05ap 28м2 за следните региони во Република Северна Македонија: Свети Николе, Струга, Охрид, Карпош, Кисела Вода, Чаир и Демир Хисар.
  • Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површинаод 1.520ха 53ар 54м² и тоа за следните региони во Република Северна Македонија: Гостивар, Дебар, Кичево, Куманово, Ресен, Тетово и Гази Баба.
  • Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површинаод 568ха 26ар 74м² и тоа за следните региони во Република Северна Македонија: Валандово, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Струмица, Прилеп, Пробиштип иРадовиш
  • Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 1.470ха 77ap 06м2 и тоа за следните региони во Република Северна Македонија: Берово, Битола, Македонски Брод, Виница, Гевгелија, Делчево, Кавадарци, Велес и Штип.

Намената на земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп со овие јавни огласи е следна:
-подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмел) и оранжерии за период до 30 години,
-подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,
-подигање на маслинарници за период до 50 години,
-одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години,
-ливади за период до 15 години,
-за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години,
-рибници до 20 години и
-спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

  • Право за учество на јавен оглас за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари имаат лицата кои немаат склучено важечки договор за закуп со министерството за вкупна површина над десет хектари.
  • Максималната површина на која може да аплицира еден понудувач не може да биде поголема од 3 хектари, ниту помала од големината на една катастарска парцела односно блок

Најповолниот понудувач со кој се склучува договорот за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост е должен закупнината да ја плаќа до 31 јули во тековната година за претходната година, сметано од денот на записничкото воведување во владение на земјоделското земјиште предмет на договорот.


За земјоделското земјиште во државна сопственост кое по пат на јавен оглас или јавен повик ќе се додели во закуп на физичко лице на возраст до 40 години или на трговско друштво со управител или извршен директор на возраст до 40 години, обврската за плаќање на закупнина од страна на закупецот настапува три години по влегувањето во сила на договорот за закуп.


Доколку трговското друштво во периодот до три години по влегувањето во сила на договорот за закуп го промени управителот или извршниот директор со лице на возраст над 40 години, обврската за плаќање на закупнина ќе се смета дека настапила од денот на влегувањето во сила на договорот за закуп.

Понудата и другата потребна документација се доставуваат во затворен коверт во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневните весници односно најдоцна до 01.07.2022 година.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругарството го претвора поединечниот труд во заедничка сила за развој
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:земјамзшвогласиповицисубвенции
Претходен напис Николовски: Утре средба со Осигурителните компании и конечно ново законско решение за задолжително осигурување
Следен напис Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?