Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ обезбедува 7.1 милиони евра кредитна поддршка за земјоделските претпријатија преку Развојната банка, со олеснети услови за аплицирање и пониски каматни стапки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > МЗШВ обезбедува 7.1 милиони евра кредитна поддршка за земјоделските претпријатија преку Развојната банка, со олеснети услови за аплицирање и пониски каматни стапки
Агросектор

МЗШВ обезбедува 7.1 милиони евра кредитна поддршка за земјоделските претпријатија преку Развојната банка, со олеснети услови за аплицирање и пониски каматни стапки

Објавено 07/06/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Како предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука со која се олеснуваат критериумите во кредитната линија за поддршка на претпријатија со дејност од областа на земјоделството, со цел зголемување на производството на земјоделските производи и нивните преработки, од средствата на Компензациските фондови со кои управува и располага Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.

Преку оваа кредитна програма на Развојната банка се ставаат на располагање околу 7.1. милиони евра, средства наменети за поддршка на претпријатија во областа на земјоделството. Примената на новите услови за аплицирање за средства од кредитната линија на Развојната банка започнаа со примена од 6 јуни 2022 година. Заинтересираните земјоделски претпријатија за оваа поддршка тековно можат да аплицираат во Развојната банка на Северна Македонија.

Преку олеснувањето на условите за добивање на кредит од Развојната банка се обезбедува поголем опфат на мали и средни претпријатија кои работат во дејноста на преработувачката индустрија на земјоделски производи. На овој начин овозможуваме развој на малите бизниси и освојување на нови пазари преку финализација на производството и развивање на локални брендови. Кредитната поддршка е наменета за земјоделски претпријатија од примарно земјоделско производство, преработка на земјоделски производи и извоз на земјоделски производи.

Условите за аплицирање ги олеснуваме, овозможувајќи сопствено учество од најмалку 10%, за разлика од претходно предвидените 20% од вкупната инвестиција, како и олеснување на степенот на ликвидност на апликантите. Понискиот износ на сопствено учество на малите бизниси дополнително им овозможува поголема ликвидност за време на кредитниот период и дополнителна поддршка во услови на криза.

Намалување се врши и на каматната стапка од 2% на 1% фиксна годишна каматна стапка. Рокот на отплата се олеснува за основни средства до 120 месеци со вклучен грејс до 24 месеци, а за обртни средства до 24 месеци со вклучен грејс до 12 месеци.

Кредитната поддршка на Развојната банка им овозможува на земјоделците добра можност за дополнителни средства во развој на сопствениот бизнис, а преку тоа и развој и модернизација на македонското земјоделство.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува сите заинтересирани земјоделски претпријатија да ја искористат оваа кредитна поддршка и навремено да аплицираат за добивање на средства од Развојната банка на Северна Македонија.

Може да ви се допадне

БАНКИ кои нудат ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТИ: Услови, камати, контакти…
ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%
Директорот на македонската Развојна банка, Кире Наумов е разрешен од функцијата, на негово место за в.д е назначена Ефимија Димовска
Во оранжериите „Трнка“ се берат првите гајби зелка, со посветеност и труд до исплатлив агробизнис
Азески: Ако државата сериозно ги анализираше предлозите на Комората, ќе имавме многу поголем раст и развој
Таг:развојна банка
Претходен напис Анкара: Турција интензивно соработува со Москва и Киев за извозот на жито
Следен напис Николовски: Иницијативата Отворен Балкан ја покажува нашата непоколеблива решителност да одиме заедно напред
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?