Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Македонското вино со одлични коментари на презентацијата во Виена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Македонското вино со одлични коментари на презентацијата во Виена
Агровести

МЗШВ: Македонското вино со одлични коментари на презентацијата во Виена

Објавено 13/09/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Виена, на покана од министерката за земјоделство на Република Србија, Јелена Танасковиќ, во рамки на Иницијативата Отоврен Балкан ги презентираше македонските вина пред реномирани новинари, познавачи на виното, бизнис партнери и купувачи од Австрија, Германија и Швајцарија.

-Македонското вино е нешто со што се гордееме, најдобар промотер на нашата земја, и најгласниот и најдиректен маркетинг за нашата земја. Винската визија за Отворен Балкан е оригинален настан, најдобар промотер на нашата земја и можност да го презентираме нашето македонско вино. Прекрасни коментари и критики за нашето вино можеа да се слушнат на винската презентација од страна на Питер Мозер, специјалист и вински новинар и извршен уредник на одделот за вино на водечкиот германски гурмански и вински магазин Фалстаф. Преку нашето убаво македонско вино шириме позитивна енергирја и стекнуваме нови пријателства. Одлични оценки и коментари за македонското вино можеа да се слушнат и од австриската пратеничка Мариа Гросбауер и Ханс Шојфеле менаџер на Wine&Co, рече Николовски.

Тој потсети дека за МЗШВ секторот винарство е меѓу приоритетите.

-Вложуваме многу енергија и преку повеќе конкретни мерки го помагаме развојот на овој значаен сектор. Нашите вложувања ги даваат очекуваните резултати. Од година во година бележиме зголемување на извозот на флаширано вино. Како држава сме позиционирани на високото 13 место во светот по девизен прилив од извозот на вино. Македонското вино го позиционираме високо на винските мапи, а винскиот сектор е од стратешко значење за економијата на нашата земја. Уште во 2019 година ги олеснивме условите за регистрација во Регистарот на производители на вино, придонесувајќи да се зголеми бројот на регистрирани винарии. Денес бележиме вкупно 248 винарски визби, од кои 166 мали семејни винарии. Малите семејни винарии ги поддржуваме со грант до 10.000 евра за набавка на опрема за производство. Преку првиот јавен повик за поддршка на малите семејни винарии во 2022 година поддршка добија 59 мали винарии, со вкупна вредност од 34.500.000 денари. Оваа година на вториот јавен повик за поддршка на малите семејни винарии интересот е двојно поголем, со повеќе од 130 апликации, нагласи Николовски.

Министерот напомена и дека поддршка за развој на винариите се обезбедува преку ИПАРД програмата.

-Преку мерките од ИПАРД програмата обезбедуваме поддршка за подигнување лозови насади, набавка на опрема и проширување на производствените капацитети, како и за вложување во развој на винскиот туризам, подвлече Николовски. 

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:Виенамакедонското виномзшвпрезентацијата
Претходен напис Времето денеска ќе биде сончево и топло, со температура до 34 степени
Следен напис Сува трева гореше на повеќе локации во кумановско, изгаснат пожарот во Бељаковце и липковско
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?