Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ е прво министерство вклучено во CIDR програмата, со поддршка на САД се зајакнуваат капацитетите на министерството за сајбер безбедност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ е прво министерство вклучено во CIDR програмата, со поддршка на САД се зајакнуваат капацитетите на министерството за сајбер безбедност
Агровести

МЗШВ е прво министерство вклучено во CIDR програмата, со поддршка на САД се зајакнуваат капацитетите на министерството за сајбер безбедност

Објавено 12/10/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска потпишувајќи го Меморандумот за разбирање, ја формализира соработката помеѓу министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и DAI како имплементатор на програмата CIDR за дигитализација и отпорност на критичната инфраструктура.

CIDR е програма која се реализира преку Агенцијата за меѓународен развој на САД – УСАИД, која дава поддршка на властите во земјите од Југоисточна Европа, преку обезбедување на развојна помош помагајќи им на институциите да ги инкорпорираат најдобрите практики за сајбер безбедност во организациските операции на своето делување.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство има цел да ја подобри отпорноста на својата ИКТ инфраструктура против сајбер напади, воведувајќи ги најдобрите практики за сајбер безбедност. Токму според условите предвидени во програмата CIDR, DAI има намера да обезбеди техничка поддршка за остварување на овие предвидени цели на министерството.

Во таа насока за остварување на поставените цели од програмата CIDR, DAI на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку овој Меморандум ќе обезбеди поддршка во насока за подобрување на превенцијата и  подготвеноста на можните закани за сајбер – безбедноста.

Преку овој Меморандум се очекува CIDR да обезбеди поддршка за:

  • Спроведување GAP-анализа, анализа на ризик и утврдување на ранливоста на постојната ИКТ-инфраструктура и мрежите, политиките, процедурите, организациската структура и друго
  • Спроведување систем за управување со безбедноста на информациите (ISMS)
  • Обезбедување обуки за градење капацитети за засегнатите страни и вработените во министерството
  • Развивање попис на средства и технички спецификации за потребната опрема и услуги
  • Набавка на опрема и/или услуги
  • Друга техничка помош што е утврдена и заемно договорена меѓу двете страни

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство упатува благодарност до амбасадата на САД, која позитивно одговори на барањето испратено веднаш по хакерскиот напад врз министерството, за поддршка во зајакнување на капацитетите на министерството за сајбер безбедноста. МЗШВ е првото министерство кое е вклучено во CIDR програмата за дигитализација на отпорност на кртичната инфраструктура.  

Закајнувањето на капацитетите на министерството за поголема зашита од сајбер напади, директно на граѓните и земјоделците им обезбедува стабилен ИТ систем за користење на услугите кои ги нуди министерството.    

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:CIDRкапацитетитемзшвсајбер безбедност
Претходен напис РКЕ: Оваа година издадени нови лиценци за потребата на електрична енергија
Следен напис Дизелот поевтинува, а бензините со иста цена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?