Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Димковски оствари средба со оризопроизводителите од Кочанско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Димковски оствари средба со оризопроизводителите од Кочанско
Агровести

МЗШВ: Димковски оствари средба со оризопроизводителите од Кочанско

Објавено 15/09/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски денеска оствари средба со оризопроизводителите од кочанскиот регион, на која се разговараше за откупните цени и пласманот на оризот, како и за поддршката од државата за покривање на дел од производствените трошоци, соопшти МЗШВ.

На средбата, земјоделците ги повторија барањата што пред неколку дена ги изнесоа на протестот и блокадата на патиштата, меѓу кои главен приоритет им е утврдување на најниската откупна цена на оризовата арпа и итна исплата на субвенциите за предаденото производство од минатата година.

-Оризопроизводителите ги очекува жетвата на новата реколта, но тие се без средства да ги плататат трошоците за да го приберат произведеното. Затоа, неопходно е веднаш да се исплати финансиската поддршка, односно трите денари за предаден килограм арпа и редовните субвенции за засеани површини. На тој начин тие ќе можат тековно да ги сервисираат своите обврски, односно да обезбедат вреќи, да платат за користење комбајни, превоз и слично, за да можат да функционираат во наредните месеци. Покрај тоа, основен ориентир за определувањето на откупната цена треба да бидат вложените трошоци за производство, потоа пазарот во окружувањето, формирањето референтни цени и берзанските цени. Побараната цена од 40 денари е сосема реална во однос на движењето на цените на берзите. Не може да произведете 100 тони ориз, а да остварите вкупен приход што го има едно лице кое е социјален случај, истакна Ставре Јанев од Самостојниот синдикат на индивидуалните земјоделски производители.

Заменик министерот Димковски потенцира дека ресорното министерство е на страната на земјоделците, и оти во рамки на законските можности им дава поддршка за покривање на дел од производните трошоци, а тоа, како што рекол, особено е забележливо во оризопроизводството, каде за изминатите неколку години финансиската помош е зголемена за 300 проценти.

-Денешниот состанок го завршивме со три заклучоци, односно да се формира откупна цена за овогодишната реколта за што, со поддршка од Институтот за ориз во Кочани, ќе се утврди трошковник, односно производната цена. Вториот заклучок е да се видат можностите за што побрзо исплаќање на субвенцијата од три денари за килограм предадена арпа, за што пријавувањето во Платежната агенција беше до 31 август. Исто така, заклучивме дека е потребно да се оствари средба со откупно-преработувачките претпријатија во кочанскиот регион, да ги слушнеме нивниот став, какви се движењето и очекувањата на пазарот. Сакаме да направиме медијаторство меѓу земјоделците и откупувачите за да се стигне до една прифатлива и одржлива откупна цена, што ќе даде можност производството на ориз да остане заштитен белег на овој крај, а одредени мерки што ние би ги дале ќе ги договараме со оризопроизводителтие, истакнал заменик министерот Димковски.

Состанокот со претставниците на откупните претпријатија е закажан за попладнево, по што во наредните денови треба да се одржи уште една средба со земјоделците, на која ќе се изнесат утврдените заклучоци и ќе се бара заеднички прифатлив износ на цената што ќе се плаќа за откупен килограм арпа.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Димковскикочанскооризопроизводители
Претходен напис Роботот за измолзување пристигна на фармата „Пивко“
Следен напис Времето утре топло со дневни температури над просекот за овој период од годината
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?