Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Целокупното договорено количество на тутун од реколтата 2019 ќе биде откупенo
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Целокупното договорено количество на тутун од реколтата 2019 ќе биде откупенo
Агровести

МЗШВ: Целокупното договорено количество на тутун од реколтата 2019 ќе биде откупенo

Објавено 24/01/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, одржаа работен состанок со претставници од Стопанската комора на Македонија, откупните претпријатија на тутун и Сојузот на здруженија на тутунари. На состанокот се разгледаа информациите за моменталната состојба со откупот на тутун од реколтата 2019-та.

Државниот инспекторат за земјоделство е постојано на терен, а дел од откупните пунктови кои времено беа затворени сега се повторно отворени.

Од страна на претставниците на откупните претпријатија на тутун беше потенцирано дека целокупното договорено количество на тутун ќе биде откупено и порачаа да не се создава непотребна паника кај тутунопроизводителите. Откупувачите на тутун гарантираа дека проценката на класите ќе се врши реално.

Дополнително, Државниот инспекторат за земјоделство најави зајакнати контроли на терен, контроли во делот на посочените случаи за затворени пунктови и во однос на почитување на законските обврски за откупен и исплатен тутун согласно договорите. На состанокот беше посочено дека не се очекува да има вишок на тутун.

Досега се откупени над 22,4 милиони килограми тутун во вредност од близу 5 милијарди денари или повеќе од 85 отсто од договореното количество е веќе откупено. Се очекува откупот да заврши до крајот на следниот месец. 

Од страна на откупните претпријатија исплатени се близу 4,7 милијарди денари. Просечната откупна цена е 221,9 денари за килограм, што е највисока опткупна цена во последните шест години.  Од реколтата 2019-та вкупно се  засадени 13.342 хектари тутун и склучени 32.798 договори со девет компании. Вкупното производство на тутун од реколтата 2019-та изнесува над 26.700 тони тутун, што е за 6 отсто повеќе од реколтата 2018-та. Планираната количина за откуп е 26.729 тони. Издадени се 20.933 евидентни листови.

Со цел стимулирање на квалитетот, со новиот модел за зголемени субвенции што го воведе Владата на Република Северна Македонија, субвенциите за прва класа тутун се 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:влададенариисплатаквалитеткилограмоткуптутунцена
Претходен напис Во МЗШВ во тек е средба на откупувачите на тутун со министерот Димковски
Следен напис Од утре повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?