Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: 4,5 милиони евра ќе се исплатат за штети од временски непогоди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: 4,5 милиони евра ќе се исплатат за штети од временски непогоди
Агровести

МЗШВ: 4,5 милиони евра ќе се исплатат за штети од временски непогоди

Објавено 08/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на денешната седница донесе одлука за исплата на штетите од елементарни непогоди што ги претрпеа земјоделците во 2016, 2017 и 2018 година. Висината на обештетувањето ќе биде 10 отсто од вкупно проценетата вредност. Со одлуката се опфатени 35 елаборати поднесени од 29 општини, ќе бидат обештетни над 9.100 граѓани и правни субјекти.

Владата дополнително донесе одлука и за исплата на обештетување за штети од елементарни непогоди врз земјоделските посеви во 2021 година во општините Росоман, Демир Капија, Ранковце, Карбинци и Богаданци. Вкупниот процент за обештетување за сите 5 општини е 10% од проценетата штета. Со одлуката ќе бидат исплатени 1.072 физички лица и правни субјекти.

За оваа намена, вкупно за сите општини каде што имало временски и елементарни непогоди од Буџетот ќе се исплатат околу 4,5 милиони евра.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира дека земјоделците никогаш нема да бидат оставени сами во состојби кога поради временски непогоди претрпуваат штети врз производството.

Дополнително, имајќи предвид дека осигурувањето претставува гарантирање на производството, одржување на земјоделските насади и правилно планирање на земјоделскиот развој, МЗШВ веќе работи на воспоставување на „Земјоделски осигурителен пул“ како нов модел на земјоделско осигурување. Овој пул преставува систем кој што ќе има за цел да ги заштити земјоделците од штети од елементарни непогоди од една страна, и од друга страна да го забрза процесот на обештетување на самите земјоделци што би преставувало една позитивна промена земајќи го сегашниот процес на обештетување на земјоделците кој од настанувањето на штетата до обештетувањето трае и до година и повеќе.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:земјоделцимзшвосоигурувањештети
Претходен напис Влада: Донесена е Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година вредна 1,3 милијарди денари
Следен напис Времето денеска променливо облачно и студено со засилен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?