Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МВР: апелира на внимателност, мало невнимание може да предизвика пожар со тешки последици
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МВР: апелира на внимателност, мало невнимание може да предизвика пожар со тешки последици
Агровести

МВР: апелира на внимателност, мало невнимание може да предизвика пожар со тешки последици

Последна измена: 21/06/2022 09:11
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

По настапувањето на последните, значително повисоки температури и најавите дека во наредните денови тие уште повеќе ќе се зголемат, во голема мерка се зголемија и потенцијалните опасности за избувнување пожари. Особено поради фактот дека има забележителна раздвиженост на нивите, но и во шумите, укажуваат денеска вио соопштение од Министерството за внатрешни работи.

Повикуваат на внимателност при движење во поле и низ шумите, и да не се палат отпадоци, меѓи и стрништа на нивите и да не се фрлаат неизгаснати догорчиња.

-Покрај ова, на оние кои ќе престојуваат на излетничките места, им се укажува да се воздржат од палење огнови, кои брзо можат да пламнат и да се прошират наоколу, а со тоа да предизвикаат и материјални и други последици од несогледливи размери. Исто така, на отворен простор да не се оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да причинат пожар, се наведува во соопштението.

Најавуваат дека доколку граѓаните не се придржуваат на овие апели и препораки ќе се соочат со ригорозни законски санкции, односно со пријави и можни затворски казни од 6 месеци до 8 години, зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.

– Министерството за внатрешни работи овој месец засилено презема координирани превентивни и други мерки со советодавните групи на граѓани, месните и урбаните заедници, навреме да се пресретнат можните причини за пожари, а во координација со други институции и служби ќе бидат засилени и планираните контролни активности, порачуваат од МВР.

Може да ви се допадне

Српските млекари и сточари бараат итна средба со министерот за земјоделство
Акциска контрола на Регионалниот центар за гранични работи Запад, пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво
Покачено е нивото на водата во хидроакумулациите во струмичко
Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници
Сообраќајка на патот Берово – Виница, сообраќајот во прекин
Таг:внимателностмврпожар
Претходен напис Времето денеска ќе е сончево и топло со мала до умерена локална облачност
Следен напис Намалени водостоите на Дојранското и Охридското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?