Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Муриќ: Од утре во 10 часот протестите ги дислоцираме само пред бараките на Град Скопје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Муриќ: Од утре во 10 часот протестите ги дислоцираме само пред бараките на Град Скопје
Агровести

Муриќ: Од утре во 10 часот протестите ги дислоцираме само пред бараките на Град Скопје

Објавено 08/12/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Координативното тело донесе одлука протестите од раскрсницата кај Црвен крст и „Мавровка“ да се дислоцираат утре во 10 часот пред бараките на Град Скопје на булевар „Илинденска“ кој што ќе биде блокиран во сите четири ленти, на потег од позади Владата кон Карпош до „Алумина“, информира денеска на прес-конференција Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“.

– Имавме координација со кооединативното тело на приватните превозници. После вчерашната прес-конференција во Градот Скопје, еден таков дебакл, една таква срамота и брука што е направена, се повеќе излегуваат на виделина аргументите кој е главниот виновник за состојбава, кој е главниот виновник што граѓаните на Град Скопје ни криви, ни должни мораат да го трпат сето ова, која е главниот виновник што не сме исплатени, кој е главниот виновник за хаосот во сообраќајот? Тоа е директно градската управа, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Се повеќе нашиот револт се насочува и се фокусира кон управата на Град Скопје, рече Муриќ.

Тој потврди дека остануваат на ставот ниту еден превозник да не се јави на јавниот повик од страна на Град Скопје, посочувајќи дека тоа е само обид за разединување и разбивање на единството на приватните превозници.

– Тој оглас прво е многу некоректно направен и некоректно поставен. Зошто? Нека ни го исплатат долгот што ни го должат, нека ни ги презентираат условите па да разговараме. Меѓутоа, без да ни го исплатат долгот и без да не вклучат како неправедно исклучени од сообраќај, како што најавувавме и порано, работите во од да се решаваат ни на крај памет не ни е, на ниту еден од нас тука, одговорно ви тврдам. Значи, тоа е една фарса и обид за разнебитување и разединување на приватните превозници што ви гарантирам дека нема да се случи, рече Муриќ.  

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побараат повторно средба со градските власти, Муриќ изјави дека Арсовска нема намера да разговара со нив, бидејќи како што рече, ги нема аргументите.

– Колку пати веќе баравме средба со градоначалничката на Град Скопје. Колку пати вие медиумите ја чекавте да ви даде изјава. Таа нема намера да разговара ниту со вас, ни со нас бидејќи ги нема аргументите. Да ги имаше аргументите и да беше во право многу, многу одамна ќе излезеше и ќе се разјаснеа работите, рече тој.  

Во однос на тоа дали има некој друг механизам за да ги добијат средствата кои приватните превозници бараат да им се исплатат, Муриќ истакна дека ќе бараат помош директно и од премиерот Димитар Ковачевски.

– Ќе бараме помош од сите засегнати институции, од повисоките истанци на власта. Ќе бараме помош директно од премиерот на Република Македонија затоа што тој е премиер на сите граѓани, а ние сме дел од тие граѓани. Засегнати сме директно и бараме помош, медијација, било каква форма ќе бараме и од него, рече тој. 

Еден возач, кој оваа оваа дејност ја извршува веќе 33 години рече дека му должат околу шест илјади евра.

– Јас со една смена шест илјади, имаме колеги што се по 10 смени, по 11 смени, тука се некаде по 60-70 илјади евра, а должат по 100 илјади евра нафта. Ние ова што го работиме веќе три години сме во минус. Од пандемијата наваму ние сме се во минус. Но, ајде ќе издржиме. Јас оваа дејност ја извршувам веќе 33 години. И се сме во минус. Три години и повеќе сме во минус. Јас не можам 25 илјади денари да ги одвојам на страна за да ја хранам фамилијата. А кај ми се трошоците, кај за да го обновам возилото. Па јас со 25 илјади и едно 5 илјади се позајмувам од другариве, од колегиве за да излезам на крај. Не можам да излезам на крај со мојата плата. Имам трошоци кај автобусот. Не можеме веќе, исцрпени сме, рече возачот.  

Муриќ им се извини на граѓаните за направениот сообраќаен метеж поради протестите на приватните превозници. Упати јавно заблагодарување до припадниците на МВР и нивните претпоставени за, како што рече, коректниот однос и соработка со нас.  

Приватните превозници бараат од Град Скопје да се подмири долгот кон двете компании кој во целост изнесува преку 90 милиони денари, затоа што, како што велат, немаат средства за понатамошно функционирање поради недостиг на средства.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Град СкопјеМуриќ
Претходен напис Коридор 8 дел од мрежата на Европскиот коридор „Западен Балкан-Источен Медитеран”
Следен напис Времето денеска променливо облачно и ветровито
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?