Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Муратовска: Промени на европскиот транспортен пазар, најголема штета за превозниците од малите држави
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Муратовска: Промени на европскиот транспортен пазар, најголема штета за превозниците од малите држави
Агровести

Муратовска: Промени на европскиот транспортен пазар, најголема штета за превозниците од малите држави

Објавено 03/03/2022
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Војната во Украина ќе предизвика прераспоредување на европскиот транспортен пазар, а најголема штета, според оценките на транспортната асоцијација МАКАМТРАНС, ќе претрпат превозниците од малите држави.

Билјана Муратовска, генерален секретар на МАКАМ-ТРАНС вели дека воената состојба на територија на Украина ги застана македонските превозници кои во последниот период од десетини дена, не се осмелуваат да прифатат превози за Украина, Русија и Белорусија кои ги вршеа од нашата држава и од други држави во соседството.

-Спроведувањето на ембаргото кон Руската Федерација од страна на државите членки на НАТО, односно ЕУ е проблем кој ќе предизвика прераспределување на европскиот транспортен пазар, затоа што ќе се намали производството на голем број производи кои се извезуваат на големиот руски пазар, а со тоа ќе се зголеми нелојалната конкуренција затоа што секоја држава ќе ги штити сопствените превозници, особено на т.н превози кои се вршат од и за трета земја. Најголема штета од новонастанатата ситуација ќе претрпат превозници од помали држави во кои спаѓа и нашата држава, особено поради увозната зависност, мала територија, што не дава можност за вршење на поголем обем на внатрешниот транспортен пазар, оценува во изјава за МИА Муратовска.

Поради растот на цените на енергенсите од МАКАМ-ТРАНС веќе доставиле барања за поддршка од државата за субвенции на литар гориво по примерот на одредени држави од ЕУ и враќање на дел од акцизата пресметана во горивата за комерцијални превози. Како што вели Муратовска, порастот на цените, општо на сите енергенси, има најголемо негативно влијание на превозните трговски друштва особено што трошокот за гориво учествува од 40 до 60 проценти во цената на превозот.

– Можноста да се следи растот на цените е многу тежок и ќе биде уште потешко поради дополнителните проблеми кои се појавуваат со воената состојба во Украина и големата понуда на празни возила на европскиот транспортен пазар, посочува Муратовска.

Одредени држави како Црна Гора, Србија и речиси сите држави членки на ЕУ, објаснува, имаат законска одредба за враќање на дел од акцизата ако се вршат комерцијални превози. Исто така, во овој период Србија и Хрватска ги замрзнаа цените на дериватите, а Белгија, Италија, Франција, Словенија , Шпанија и Унгарија како краткорочна мерка даваат субвенции евро за литар, кои суми се движат од 0,2478 до 0.0110 евра за литар зависно од државата и висината на цените на горивата.

-Овие мерки кои ги има во разни држави се елементи за нелојална конкуренција, затоа што немаме ист третман со останатите превозници на ниво на Европа. Се соочуваме со намален број на меѓународни транспортни дозволи како инструмент за достапност на европскиот транспортен пазар, бројот на возила енормно порасна, а не се преземаат мерки за стимулација и на оние превозници чии возила спаѓаат во 56 проценти застарен возен парк. Цената на електричната енергија исто така има свое индиректно влијание на зголемување на трошоците за работа, укажува Муратовска.

Како асоцијација, информираше таа, до Владата, Министерството за финансии и министрите од економските ресори доставиле барање за долгорочни и краткорочни мерки во однос на цената на нафтата и нејзино регулирање со цел да се намали влијанието на секој производ кој се зема за превоз. Бараат субвенции на литар гориво по примерот на одредени држави од ЕУ и враќање на дел од акцизата пресметана во горивата за комерцијални превози.

-Владата не информира дека нашето барање е испратено до Регулаторната комисија и ги задолжуваат да ги проценат можностите и согласно на тоа да достават соодветен одговор, изјави Муратовска.

Во истовреме, укажува таа, проблем е и тоа што состојбата со професионалните возачи е на многу критично ниво последните неколку години, откако во одделни држави членки на ЕУ спроведуваат политика за привлекување на квалификувана работна сила на која веќе не им се потребни пасоши од држава членка на Унијата, туку добиваат работни визи и со нашите македонски пасоши.

-Во стручното средно образование нема насока возач последните дваесетина и повеќе години, ниту пак се спроведуваат одредени активности за стимулација на невработени лица за да се преквалификуваат во професионални возачи. Без одредени донации интересот е мал затоа што трошоците за обуката за возач и обезбедување на сите потребни сертификати за да се стане професионален возач се големи и ретко кога поединци сами се одлучуваат да се финансираат. Од друга страна, кога превозникот сам инвестира во одредени кадри се соочува со проблемот после три до четири месеци истите по обуката и стекнување со искуство да заминат во Германија, Белгија, Чешка или некоја друга држава членка на ЕУ, вели Муратовска.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:камионимуратовскатранспортцарина
Претходен напис Влада: Прехранбени производи и државни резерви има, граѓаните да не прават залихи
Следен напис Какво млеко најчесто се користи во исхраната на живината?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?