Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Можности за модернизација на земјоделскиот сектор финансирани од ЕУ 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Можности за модернизација на земјоделскиот сектор финансирани од ЕУ 
Агровести

Можности за модернизација на земјоделскиот сектор финансирани од ЕУ 

Објавено 29/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и евроамбасадорот Дејвид Гир денеска во Ресен ќе ги претстават можностите што ги нуди ЕУ за финансиска поддршка на земјоделските задруги и модернизација на земјоделскиот сектор во Северна Македонија. На настанот ќе се обрати и градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски.

Амбасадорот Гир и министерот Николовски ќе се осврнат на перспективите што Европската Унија им ги носи на земјоделците преку поддршка на задругите и поттикнување одржливи практики. Македонската асоцијација на земјоделски задруги и Македонската развојна фондација за претпријатија ќе ги презентираат инвестициите во развојот на руралните области и развојот на еколошки практики што им помагаат на земјоделците подобро да одговорат на барањата на глобалниот пазар.

-Земјоделците се соочуваат со предизвици како што се влијанијата на климатските промени врз биодиверзитетот, порастот на населението и промената на навиките во исхраната. Тие исто така постојано одговараат на барањата во однос на промените на навиките во исхраната и на променливите ставови и очекувања на луѓето. Финансиската поддршка од Европската Унија им помага да се соочат со овие предизвици и да се зачуваат живописните рурални области и квалитетните земјоделски производи, се наведува во најавата за настанот.

Презентацијата се одржува по повод Меѓународниот ден на задругите, наречен  #CoopsDay, кој се одбележува секоја прва сабота од месец јули, од 1923 година наваму. Оваа година се одбележуваат 100 години од задругарското движење и значајниот придонес на задругите во глобалната економија, како и нивната улога во градењето на поодржлива иднина.

Во моментов се спроведуваат три проекти финансирани од ЕУ во делот на македонското земјоделство: Зајакнување на управувањето со земјоделските задруги за подобрување на конкурентноста во земјоделскиот сектор (Competitive Agri – COOPS), Развој на модерно и одржливо земјоделство (AGROSMART) и Модернизација на советодавните услуги за операторите во земјоделството во Северна Македонија. 

Може да ви се допадне

Девизните резерви на крајот на јуни на ниво од 4.936 милиони евра
Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Цените на нафтата скокнаа по американските напади врз Иран
АМСМ: На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Без струја делови од Сопиште, Бутел, Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров
Таг:ЕУземјоделскиот сектормодернизацијафинансирани
Претходен напис Сончево со мала до умерена облачност, викенд дожд
Следен напис Функционален системот за наплата на патарина со еден „таг“ во Северна Македонија и Србија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?