Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Можност за добра заработка и дали имаме услови за одгледување на „црвеното злато“ – шафранот


Цвеќето шафран кое се смета за еден  од најскапите зачини на светот, за негово производство бара многу труд и трпение, а во светот е познат и како „ црвено злато “.

Кај нас овој зачин сеуште не го доживеал својот подем но добро би било земјоделските производители своето внимание да го насочат кон одгледување на ова растение можеби и како алтернативно решение на одредени култури кои пак и не даваат некоја солидна заработувачка. Дивиот шафран го има и во земјава на поголеми површини, а агростручњаците сметаат дека најдобра локација за одгледување на ова растение е Тиквешкиот регион. Според нив, ако намерата е сериозно занимавање со овој бизнис тоа би било добро за развој на руралните подрачја, бидејќи за негово одгледување потребна мала површина од некој декар и не бара некои специјални услови при обработка на почвата. За него е потребно само садење, плевење и берба.

Шафранот е растение од групата Iridaceae, чиј цвет е со виолетова боја. Внатре во цветот се три жолти влакна од прашникот и три црвени влакна од толчникот, кои го прават главен дел на овој цвет и се користи во различни цели, особено во медицински. За разлика од циклусот на растење на другите растенија кои се активираат на пролет, цветот на шафранот се активира во текот на есента. За негово одгледување е потребна клима која му одговара и адекватно тло, како и надморска височина над 400 метри, за разлика од другите растенија, семето на шафранот се сади во текот на летото, а цветот излегува во октомври. Цвеќето се бере наутро, кога цветовите се затворени како би се зачувал квалитетот на шафранот.

По бербата, затворените цветови на шафарнот се праќаат на обработка каде се кинат трите влакна од толчникот и се сушат. По сушењето, чистиот производ од шафран се става во амбалажа од нерѓосувачки челик, хермитички затворена, што е метод за оптимална конзервација на производот. Значи се обработува само шафранот со прв квалитет и 70 насто од обработката до последната фаза се врши рачно. Откако ќе го купите шафранот треба да го чувате на суво и темно место во услови кои одговараат и во затворено пакување а рокот на траење му е од 4 до 5 години.

За добивање на еден грам шафран потербно е околу 150 до 180 цветови. Тој е предмет на 5.600 научни студии на универзитетите во Европа и пошироко. Спречува околу 600 болести и има 175 позитивни ефекти на телото од моментот на консумирање. Постојат и други области каде се користи, на пример во козметиката и особено во кујната. Тоа е зачин кој многу се користи, го користат познатите ресторани или светски познатите готвачи. Има многу ефекти и тоа е растение кое сеуште не го покажало својот целокупен потенцијал.

Шафранот има голема вредност и многу е скап поради трудот и посветеноста кои треба да се вложат за да дојде до финален производ. Цената на грам шафран достигнува и до 250 евра а се разликува во зависност од квалитетот.

Пазарот за продажба на шафран е фокусиран во Европа и во азијските земји.

Иран е светски производител број еден има и други производители како Грција која произведува помала количина, Италија произведува неколку килограми годишно, Франција произведува околу 20 килограми годишно.

Мар 11, 2020agrotim1
Од среда затоплување на времетоЗапочна изградбата на Откупен центар за земјоделски производи во Општина Градско

Напишете коментар Откажи одговор

11/03/2020 Предлог бизнисазиски, европа, зачин, производство, шафран1,778

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019