Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Можно е грчките земјоделци попладнево симболично да ги блокираат граничните премини кон Северна Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Можно е грчките земјоделци попладнево симболично да ги блокираат граничните премини кон Северна Македонија
Агровести

Можно е грчките земјоделци попладнево симболично да ги блокираат граничните премини кон Северна Македонија

Објавено 20/02/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Земјоделците од северниот дел на Грција кои останаа на блоковите и нема да присуствуваат на попладневниот протест во Атина, не е исклучена можноста симболично да ги затворат граничните премини Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Самите земјоделци кога го соопштија денешниот протест, најавија дека паралелно ќе постават блокади на граничните премини и пристаништата.

Протестот во Атина е закажан за 18.30 часот попладнево, со што се очекува, доколку ги блокираат граничните премини, тоа да биде во попладневните часови.

За граничниот премин Ники (Меџитлија), според локалните медиуми можно е затворање во периодот од 17 до 20 часот по грчко, односно од 16 до 19 часот по македонско време.

Во однос на Евзони (Богородица), засега нема официјална информација, иако според информациите на дописничката на МИА од Атина, пракса на земјоделците е да не ги најавуваат блокадите, кои најчесто се симболични и се однесуваат само на камионите и се по 20 часот по локално време, како што беше случај вчера.

Сепак, вниманието на грчката јавност, денеска е насочено кон Атина, каде што земјоделците со над 100 трактори ќе одржат протест пред грчкиот Парламент.

Десетици трактори од различни делови на Грција вчера пристигнаа во месноста Кастро во централна Грција на околу 90 километри од Атина, од каде што утрово, конвојот со трактори во придружба на полицијата тргна кон грчката метропола.

Земјоделците од островот Крит во Атина пристигнаа со траект, од северна Грција со автобуси, автомобили и камиони, за сите заедно, попладнево уште еднаш да ги повторат нивните барања.

Се очекува по протестот, тракторите во текот на вечерта да останат паркирани во центарот на Атина, а земјоделците да си заминат утре наутро. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:блокираатграничните преминиГрчките земјоделципопладневоСеверна Македонија
Претходен напис ФИТР објаснува како Македонија се искачи за 12 места на Глобалниот иновациски индекс за 2023 година
Следен напис За Преработувачите на винско грозје: Во тек поднесувањето на барањата по Програмата за спроведување на интервентен фонд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?