Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: НП „Шар Планина“ го засилува мониторингот на балканскиот рис
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > НП „Шар Планина“ го засилува мониторингот на балканскиот рис
Агровести

НП „Шар Планина“ го засилува мониторингот на балканскиот рис

Објавено 13/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Националниот парк „Шар Планина“ информира дека во текот на 2026 година ќе почне продлабочена соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД) насочена кон унапредување на постојниот мониторинг на балканскиот рис и популациите на дива коза на Шар Планина. Во текот на оваа година следењето и набљудувањето на овие диви животни установата ќе го прави со зголемен број видеокамери.

Благодарение на поддршката од проектот на ПОНТ набавени се дополнителни фотозамки, кои ќе бидат и понатаму користени за мониторинг на дивиот свет. Дополнително, во соработка со МЕД, поставени се фотозамки на повеќе локации на целиот масив на Шара со цел прибирање релевантни демографски податоци за балканскиот рис. Податоците за потврдената репродукција на рисот, женката со младенче регистрирана во 2025, ќе бидат вклучени во регионалната база на програмата за закрепнување на балканскиот рис, која од 2006 година ги евидентира сите релевантни наоди за Македонија, Албанија и Косово, информираат од Националниот парк „Шар Планина“.

Со оваа соработка, како што велат, дополнително се надградува системот за мониторинг, кој Националниот парк континуирано го спроведува веќе трета година.

Во 2024 година ренџерска служба на националниот парк Шар Планина со камера го лоцира рисот на местото Долна Лешница. На планините, пред сè, западниот дел од државата, се проценува дека има 40-ина единки. Присуството на рисот овие 20-ина години се евидентира со видеокамери поставени на десетици места во националните паркови Шар Планина, Маврово, Пелистер, но и на Илинска Планина, Јабланица, Галичица и во заштитеното подрачје Јасен.

НП Шар Планина 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:балканскиот рисмониторинготШар планина
Претходен напис За 10,3 проценти зголемен бројот на странски туристи во периодот јануари – ноември 2025 година
Следен напис Aлиу: Целта со законот е да ги заштитиме непушачите кои се 50 отсто од населението
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?