Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Молзењето со робот ја заменува работата на 5 лица на фармата на Радослава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Молзењето со робот ја заменува работата на 5 лица на фармата на Радослава
Сточарско производство

Молзењето со робот ја заменува работата на 5 лица на фармата на Радослава

Објавено 16/11/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ова не е научна фантастика, туку реалност во млекарницата на Радослава и Светлин од селото Котленци. Фармата е веќе роботизирана и има обучени млечни крави да им веруваат на футуристичките машини.

Млечните крави ги молзат два робота. Животните сами одат до машините, без човечка интервенција, принуда или стрес. Освен што роботите можат да молзат 24 часа на ден, според потребите на животните, тие го следат квантитетот и квалитетот на храната, движењето на животните, нивното здравје, топлината и потребата за оплодување.

Градежно-монтажните работи се веќе завршени, роботите се поставени, потребни се подземни и надземни објекти. Радослава Рогова овие процеси ги нарекува „технологија на иднината“. Се изведува преку т.н јаки за животни, кои имаат специјални сензори кои ги следат и ги пренесуваат потребните информации.
Последниот процес на роботизирање на фармата е обука на молзните крави.

„На 2 септември почнавме да ги тренираме животните. Мораа да се навикнат на роботите и да сакаат тие да ги молзат. Се покажа дека сè се случи многу брзо, зашто тие се многу паметни. Во оваа фаза сум многу задоволна“, објаснува Радослава. Таа додава дека роботските машини за молзење се единствени, доаѓаат од Германија. Тие не само што постигнуваат подобар квалитет, туку го следат и анализираат составот на млекото. Со нив млекарството се издигнува на друго ниво, смета фармерката.

Printscreen agri.bg

„Освен што многу брзо се навикнуваат, животните се многу посмирени. Нивниот секојдневен ритам човекот не го нарушува, немаат од што да се плашат, бидејќи никој меѓу нив ништо нема да им наметне. Задоволство е што тие сами одат кај роботите за молзење“, додава таа.

Молзењето со робот ја заменува работата на 5 лица на фармата. Така, тие се пренасочени на други активности на фармата, каде што одгледуваат 250 животни под селективна контрола на расата холштајн и обработуваат 2.500 декари за нивни потреби.

Одамна на фармата била изградена млекарница во согласност со Правилникот 26, за преработка на сурово млеко. На ваков чекор се одлучиле Радослава и Светлин поради ниската откупна цена на суровината. Сега поднеле документи за проширување, бидејќи сакаат двојно да го зголемат капацитетот на преработка. Со тоа ќе се зголеми капацитетот на преработената суровина од 1.000 литри на 2.000 литри дневно. Целта им е да се подобри квалитетот.

Млекарницата ќе произведува сирење, кашкавал, јогурт, путер, овошно млеко, ролат со кашкавал, сирење со маслинки и други млечни производи.

Фармата во селото Котленци постои од 1992 година. Радослава ја презела „диригентската палка“ од нејзиниот татко во 2003 година и постојано вложува напори и средства за изградба на модерна сточарска фарма, пренесува agri.bg.

Може да ви се допадне

Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Кои раси се најчувствителни на маститис кај млечните крави?
Таг:млекожкравироботи
Претходен напис Во Тајланд почна со работа најголемата пловечка сончева фарма
Следен напис Тутунарите и откупните компании се подготвуваат за предвремениот откуп на тутунот во Струмичко
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?