Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Агровести

ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата

Објавено 26/05/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди дека владите ширум светот мора внимателно да одговорат на растот на цените на енергијата и храната за да ги заштитат граѓаните и економијата, а притоа да не ги загрозат јавните финансии ниту дополнително да ја поттикнат инфлацијата.

Економистите на ММФ Пјер-Оливие Гуринша, Борха Грасија, Делфин Пради и Родриго Валдес во анализа наведуваат дека актуелниот енергетски шок, предизвикан од војната на Блискиот Исток и растот на цените на нафтата и гасот, претставува класичен негативен шок на понудата кој ја зголемува инфлацијата и го забавува економскиот раст.

ММФ оценува дека владите не треба да се обидуваат целосно да го запрат растот на цените преку широки субвенции и замрзнување на цените, освен во исклучителни ситуации, бидејќи таквите мерки можат да бидат многу скапи и тешко одржливи, како и дополнително да ја зголемат глобалната побарувачка за енергија.

Наместо тоа, Фондот препорачува привремена и таргетирана помош за најранливите домаќинства преку готовински трансфери и постојните системи за социјална заштита, со цел да се зачуваат пазарните ценовни сигнали и да се ограничат буџетските трошоци.

Експертите на ММФ предупредуваат дека посиромашните домаќинства трошат два до трипати поголем дел од приходите на енергија и храна отколку побогатите слоеви на населението, поради што се особено изложени на растот на цените.

Во врска со компаниите, ММФ препорачува краткорочна помош за ликвидност, како што се државни гаранции за кредити, даночни одложувања и кредитни линии, наместо директни субвенции или вбризгување капитал.

Фондот наведува дека општите субвенции за енергија, намалувањето на даноците или контролата на цените би можеле да бидат оправдани само ако шокот е привремен, ако постои ризик од неконтролиран раст на инфлацијата и ако државата има доволно фискален простор за да ги поднесе трошоците.

ММФ истакнува дека земјите во развој се во потешка позиција од развиените економии поради послабите социјални системи, поголемиот удел на храната и енергијата во потрошувачката на граѓаните и поскапото задолжување, се вели во анализата објавена на веб-страницата на Фондот.

Во заклучокот од анализата, Фондот порачува дека владите треба да применуваат „дисциплиниран и постепен пристап“, почнувајќи од таргетирани и привремени мерки, со дополнителни интервенции само доколку кризата се продлабочи.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:кризатаММФпредупредувасубвенции
Претходен напис Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
Следен напис Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?