Секретарите на здружението „Млад сточар“, Даниел Пешов и Насер Џемаили вчера остварија работна средба со Виолета Илиевска, заменик-директор на ЈП за стопанисување со пасишта.
„На средбата е постигнат договор приоритет при мерките што ги спроведува и кои ќе ги спроведува Јавното претпријатие да имаат младите сточари, со што директно ќе им се помогне на младите сточари“, информираат од здружението „Млад сточар“.