Вклучувањето на младите во земјоделството е проблематика со која државата треба сериозно да се позанимава, велат од здружението Млад сточар.
„Со оглед на тоа што повеќето млади луѓе-околу 90% живеат во урбаните средини од витално значење е младите да бидат поврзани со земјоделството. Живееме во ера во која брзата урбанизација доведе до пад на руралното население. Миграцијата од село во град како и иселувањето надвор од држaвата доведе до ситуација руралните средини да останат без активна работна сила. Постои голема загриженост за вклучување на младите во земјоделството, но младите луѓе не се многу заинтересирани да продолжат со земјоделство бидејќи не гледаат голема перспектива во иднината на земјоделството, не го гледаат како активна професија на долг рок, па многу од ситните земјоделци се прилично остарени.
И покрај падот на интересот за земјоделството како кариера, се уште има млади земјоделци кои се занимаваат со оваа дејност. За да ги поттикнеме другите да се приклучат на секторот, од витално значење е да ни се понуди глас и да се земе предвид она што ние имаме да го кажеме. Ова посебно вклучува давање шанса на младите земјоделци на ниво на земјоделска политика да го понудат своето мислење и искуства. На овој начин можеме да им покажеме на другите млади луѓе дека земјоделството може да биде надградувачка кариера, како и истакнување на важната улога на земјоделството на државно ниво. Исто така потребно е националниот младински совет во својата работа да ги вклучи и младите фармери.
Друг прилично поинаков начин да ни се понуди глас на младите фармери е да се користат медиумите. Отстапувајки простор во телевизиските програми и дигиталните медиуми со цел да им се пркоси на стереотипите и да се покаже дека младите имаат своја улога во земјоделството.
Иновации
Ние, помладата генерација можеме да помогнеме во воведување на нови технологии, а истовремено да ги учиме и традиционалните методи, имајќи го потенцијалот да понудиме совршен спој на нови и традиционални решенија за некои од најголемите предизвици во светот.
Можноста за зголемување на употреба на дигиталната технологија во земјоделството исто така може да помогне да се одвратат младите луѓе од стереотипите за традиционалното земјоделство и да се променат перцепциите за земјоделството, помагајќи да се гледа на земјоделството како возбудлива и иновативна дејност.
Претстојат многу предизвици за секторот, но ако на младите им се понудат примамливи услови, тогаш земјоделската дејност може повторни да ги привлече младите“, велат од здружението Млад сточар.
Млад сточар: Вклучувањето на младите во земјоделството – Клуч за безбедна иднина за храна

Остави коментар
Остави коментар