Здружението „Млад сточар“ одржа состанокот со претседателот на Факултетското студентско собрание на Факултетот за земјоделски науки и храна Скопје, Христијан Ангелов. На состанокот се разговараше за иницијативите и проектите кои што во својата програма ги има Здружението „Млад сточар“.
„Се согласивме дека „тврдоглавоста“ на македонскиот земјоделец, која подразбира дека дел од земјоделците не сакаат промени, здружувања, укрупнувања, едукација, промена на начинот на одгледување, е проблемот на кој треба заеднички да се работи“, велат од Здружението.
