Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Млад сточар“ од АФПРЗ бара започнување постапка за регистрација и формирање на каталог на домашни видови млечни производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Млад сточар“ од АФПРЗ бара започнување постапка за регистрација и формирање на каталог на домашни видови млечни производи
Агровести

„Млад сточар“ од АФПРЗ бара започнување постапка за регистрација и формирање на каталог на домашни видови млечни производи

Објавено 03/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претставници на здружението „Млад сточар“ вчера одржаа работни состаноци со заменик директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Рамзи Абдуллахи и заменик директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Бесник Елези.

На состаноците претставниците на „Млад сточар“, претседателот Иван Петров и секретарите Насер Џемаили и Даниел Пешов, покрај разговорите за тековните проблеми со кои се соочуваат сточарите, исплатата на субвенциите и другите јавни повици на Агенциите, побараа од Агенцијата за храна и ветеринарство да се олесни постапката за регистрирање на мандри и да се започне постапка за регистрација и формирање на каталог на домашни видови млечни производи (сирење кашкавали и слично), според подрачјата каде што се произведуваат (малешевско, шарско, галичко, мариовско), нивно брендирање со точно утврдени правила на производство и хемиско прехранбен состав, боја, форма, структура, мекост, со што по утврдениот каталог ќе знаеме кој, што и колку се произведува во државата.

Од Агенцијата за финансиска поддршка побараа воведување на нови субвенции за произведен и продаден брендиран млечен производ, помош при промоција на македонскиот пазар преку фестивал на македонското домашно сирење и други млечни производи, како и други настани и манифестации, со што би се поттикнале младите луѓе да основаат семејни бизниси за производство на домашен брендиран млечен производ.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Млад сточар
Претходен напис Уништувањето на шумите во бразилскиот Амазон на рекордно високо ниво
Следен напис Вишокот на азот може да им нанесе огромни штети на растенијата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?