Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Митат Исмаиловски од Будаково: Годинава насеав 135 хектари со сончоглед, да имам земја ќе насеам 1350 хектари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Митат Исмаиловски од Будаково: Годинава насеав 135 хектари со сончоглед, да имам земја ќе насеам 1350 хектари
Агровести

Митат Исмаиловски од Будаково: Годинава насеав 135 хектари со сончоглед, да имам земја ќе насеам 1350 хектари

Објавено 30/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Оваа година, како никогаш досега се бара земја повеќе за сеидба на сончоглед и други земјоделски култури.

Нашиот земјоделски производител Митат Исмаиловски од село Будаково е веќе познат по сериозно производството на сончоглед и житни култури на големи површини. Тој традиционално сее сончоглед секоја година на над 100 хектари. Годинава оваа маслодајна култура ја насеал на 135 хектари.

-Со сеидба започнав пред 12 дена и еве веќе се гледа поникнато и во одлична состојба. Насеав на 135 хектари, ама да имав земја ќе насеев на 1350 хектари – вели Исмаиловски.

Тој ја потенцира важноста на Договорното производство заради сигурноста на откупот, но и поддршката од државата која секогаш вели е добредојдена.

-Годинава ѓубривата беа многу скапи, се мислевме како ќе сееме и како ќе произведеме. Но имавме состанок во Министерството за земјоделство на кој бев поканет и јас и таму јасно кажавме што ни треба како помош, најмногу за набавка на ѓубривото. Сега останува само да ги извршиме сите работи околу сончогледот и да не послужи времето па да обезбедиме домашна суровина за масло за јадење. Со фабриката „ Кристал 1923“ од Велес досега имам позитивно искуство, верувам така ќе биде и годинава. Очекуваме добра цена за да ни се исплати производството – изјави Исмаиловски.

Министерството за земјоделство преку Интервентниот фонд обезбеди 40% субвенции за набавка на ѓубриво, а исплатата е следната недела.

-Сеуште не сум пријавил дека сум купил ѓубриво, бев зафатен со сеењето. Но на министерот Николовски му препорачувам, покрај овие добри мерки, да има повеќе огласи за државна земјоделска земја под концесија оти сакаме и можеме да ја работиме. Така ќе помогнеме и на државата да има повеќе домашна храна, – заклучува Исмаиловски.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:земјоделцисончогледсубвенции
Претходен напис Украина ја обвинува Русија дека краде жито
Следен напис СИЛАТА НА МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛИЕ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?