Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Минусните температури и мразот им се закануваат на европските посеви – Што нѐ очекува следните три месеци?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Минусните температури и мразот им се закануваат на европските посеви – Што нѐ очекува следните три месеци?
Агропрогноза

Минусните температури и мразот им се закануваат на европските посеви – Што нѐ очекува следните три месеци?

Објавено 26/01/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Благите временски услови и врнежите во текот на јануари 2022 година во поголемиот дел од Европа беа погодни за зимските култури. Меѓутоа, поради отсуството на пониски температури, адаптацијата на ниски температури и мраз е слаба, што особено се одрази во регионот на Црното Море, се вели во најновото издание на билтенот JRC MARS Bulletin – Мониторинг на посевите во Европа за јануари.

За оние кои се посеале подоцна, ваквите услови им помогнале во развојот скоро да ги стигнат оние кои биле посеани во оптималниот период. Значително е зголемувањето на површините засеани со маслодајна репка, особено во Франција и Германија.

Што се однесува до житните култури, површините под нив останаа речиси исти како лани.

Топло и суво време

Во соопштението се наведува дека поради благата зима во јануари не е изградена толеранција на растенијата на ниски температури и мраз, освен во северните и централните делови на Европа. Проблемот може да се појави во регионот на Црното Море, кој е од особено значење како „светска житница“. Снежната покривка беше тенка и брзо се стопи. Наглото заладување доведе до голомразица, а на посевите кои се подоцна посеани можат да се појават штети.

Медитеранскиот регион страда од недостиг на дожд, особено подрачјето на Шпанија, што негативно се одразува на зимските култури.

За периодот од 1 декември 2021 до 15 јануари 2022 година, метеоролошката анкета наведува дека било малку постудено на југот на Скандинавија и на Балтикот, додека во северна Скандинавија, Финска и Естонија бројот на денови со температури под нулата бил нешто поголем од вообичаено.

Во другите делови на Европа беше топло, но, како што нагласуваат во билтенот, јужните области страдаат од суша и недостаток на врнежи, освен во Шпанија и во северозападна Италија.

Што нѐ очекува следните три месеци?

Според симулациските модели, до 15 јануари немало штети од мраз. Толеранцијата на мраз е добро развиена кај земјоделските култури во северна и делови од Централна Европа, а најизразена е во Шведска и Финска, Балтикот, дел од Полска и Северна Украина.

До 27 јануари се очекува студен воздух да протекува над Источна Европа и Источниот Медитеран, кој ќе донесе интензивни врнежи.

Потопло време од просекот за овој период од годината се предвидува за следните три месеци (февруари, март и април), а сушата ќе биде поизразена во западниот дел.

Може да ви се допадне

До петок настабилно време со дожд, грмежи и ветер
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
Таг:временска прогноза
Претходен напис Утрово најстудено во Берово -17, најмногу снег во Маврово
Следен напис Во Украина се одгледува нова сорта бела слатка пченка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?