Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министрите за земјоделство од ЈИЕ ќе потпишат декларација за унапредување на соработката
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министрите за земјоделство од ЈИЕ ќе потпишат декларација за унапредување на соработката
Агровести

Министрите за земјоделство од ЈИЕ ќе потпишат декларација за унапредување на соработката

Објавено 24/09/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заедничка декларација за надминување на сите билатерални и мултилатерални конфликти поврзани со слободното движење на стоки, услуги, луѓе и капитал, како и со храната и земјоделството, но и за решавање на сите прашања со добра волја, во дух на солидарност и добрососедски односи, ќе биде потпишана на 18. Годишен работен состанок на министри за земјоделство од земјите од Југоисточна Европа што се одржува денеска во Скопје.

Во фокусот на работниот состанок беа Берлинскиот процес, претстојната реформа на Заедничката земјоделска политика на ЕУ, безбедноста на храната, ИПАРД и регионалната соработка.

-Ќе продолжиме со регионалната соработка, меѓусебната размена на информации и заемната помош во регионот. Со декларацијата ќе ја изразиме нашата силна решеност да креираме политики и национални акциски планови за да постигнеме национална и регионална безбедност на храната, како и стратешка автономија во отворената економија за обезбедување одржливо и конкурентно производство за населението од целиот овој регион, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски кој беше домаќин на работниот состанок.

Според еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски, многу е важна соработката на земјите од регионот кои се кандидати за членство во ЕУ. 

-Многу сме заинтересирани да ги имаме Северна Македонија и останатите земји од регионот во ЕУ. Ве чекаме што е можно побрзо. Унијата не е комплетна без вашите држави. Земјоделството е многу битен, но и тежок дел од пристапувањето. Јас сум од Полска и одлично се сеќавам на нашето искуство од пред 20 години. Сакам да потенцирам три клучни моменти поврзани со декларацијата: сигурност во обезбедувањето храната – процес во кој се клучни фармерите (производителите), агроекологија и органско земјоделство, како и 

Не е точно секогаш, рече Војчеховски, дека проудуктвното земјоделство бара поголеми фарми, многу се важни и малите и средните семејни стопанства кои имаат голем потенцијал во Северна Македонија.

Министерот за земјоделство на Црна Гора Владимир Јоковиќ оцени дека работниот состанок е одлична можност да се попразговара за регионалната соработка.

-Зборуваме за предизвиците со кои се соочува земјоделството, а тоа се климатските промени и заразните болести, не само на растенијата, туку и на животните. Верувам дека ќе постигнеме напредок во нашата соработка која е на исклулително високо ниво, зашто меѓу Северна Македонија и Црна Гора постои искрено пријателство. Верувам дека ќе напредуваме во земјоделството, и со помош на ЕУ и преку користењето на европските фондови. Проблеми, секако, има, но тука сме за да ги решаваме, истакна Јоковиќ.

Според косовскиот министер за земјоделство Фатон Пеци, целта на состанокот е разменување искуства и практики, посебно во делот на легислативата.

-Тука сме да размениме информации, да видиме кои се најдобрите практики и да ја унапредиме соработката. Како мали земји, треба да направиме напори во однос на органското земјоделство, земјоделските политики и легислативи, снабдувањето со храна,… Пред нас се многу предизвици, како руската агресија врз Украина, истакна Пеци.

Министерката за земјоделство и рурален развој Фрида Крифца укажа на потребата од што повеќе комуникација меѓу земјите од регионот.  

Во текот на воведните излагања еврокомесарот Војчеховски и порача на земјава дека треба да обезбеди одржливост на агро секторот, конкурентни синџири на исхрана и силна администрација. Како што нагласи, приклучувањето кон ЕУ од аспект на земјоделството ќе донесе предизвици, но и многу можности. Потсети дека ИПАРД Програмата е корисна алатка за поддршка на земјоделството, но не може, рече, да функционира ефикасно без силна, квалитетна администрација. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ДоговорЈиеМинистерство за земјоделиеПотпишување
Претходен напис Утре со локални поројни дождови, од четврток до сабота сончево и топло
Следен напис Пронајден редок, добро сочуван крзнен носорог во Русија, стар над 32.000 години
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?