Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерството за економија и труд со нови субвенции за занаетчиите, повиците отворени до 1 октомври
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерството за економија и труд со нови субвенции за занаетчиите, повиците отворени до 1 октомври
АгровестиЈавни огласи и повици

Министерството за економија и труд со нови субвенции за занаетчиите, повиците отворени до 1 октомври

Објавено 26/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за економија и труд ќе ги субвенционира занаетчиите преку кофинансирање на 40 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари по барател, направени зa набавка на нови машини или алати и дизајн на нов производ.

Како што информираше денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, пред посетата на занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија, за повикот се предвидени 6.500.000 денари од Буџетот на Министерството.

Министерството за економија и труд денеска објави пет јавни повици согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2024 година, за што ка

– На јавниот повик може да аплицираат активни регистрирани занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, да не е отворена стечајна постапка за нив, да немаат долгови кон државата и кон вработените, да работеле најмалку една година пред објавување на јавниот повик и да немаат добиено финансиски средства по јавните повици на Министерството за економија во изминатите три години, изјави Дурмиши.

Во насока на развој и поддршка на занаетчиството, Министерството за економија и труд минатата недела објави и повик за поддршка на здруженија и занаетчиски комори за проекти во делот на организирање на обуки за поединечни занаетчиски дејности и креативни занаети, организирање на форуми и промотивни активности и обуки за јакнење на свеста за придобивките од легализација на занетчискиот бизнис.

– Сакам да ги уверам дека нема да застанеме тука и дека и во иднина ќе креираме мерки и политики за поддршка на занаетчиите бидејќи занаетчиството е фактор за економски развој во нашата земја. Министерството за економија останува посветено и отворено за предлози кои имаат за цел развојот на занаетчиството во Република Северна Македонија, им порача Дурмиши на занаетчиите.

Јавните повици се објавени на веб-страната на Министерството за економија и труд, а занаетчиите и занаетчиските здруженија може да аплицираат најдоцна до 1 октомври годинава.

Во посета на занаетчиските дуќани денеска покрај министерот за економија и труд, беше и првиот вицепремиер и министер за животна средина. Изет Меџити, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, и пратеникот Беким Сали.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругарството го претвора поединечниот труд во заедничка сила за развој
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:економијазанаетчиимеркиповици
Претходен напис Цени на земјоделските производи на КВАНТАШКИ ПАЗАР – Скопје
Следен напис Трипуновски: Постигнат e договор за откупната цена на црвената пиперка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?