Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Трипуновски и амбасадорот Оцука на отворањето на Светскиот ден на вранецот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Трипуновски и амбасадорот Оцука на отворањето на Светскиот ден на вранецот
Агровести

Министерот Трипуновски и амбасадорот Оцука на отворањето на Светскиот ден на вранецот

Објавено 05/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Шестото издание на Светски ден на вранецот ќе се одржи денеска во Националната опера и балет во организација на Здружението „Вина од Македонија“.

На отворањето на настанот во 18:30 часот, свое обраќање по повод Светскиот ден на вранецот и 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Јапонија,  ќе имаат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, амбасадорот на Јапонија, Казуја Оцука, Светозар Јаневски, претседател на Здружението „Вина на Македонија“ и Елена Младеновска, извршен директор на „Вина на Македонија“.

Во рамки на манифестацијата, специјален концерт ќе одржи минатогодишниот „Амбасадор на вранецот“, Казухиро Котетсу, кој е основач на Токискиот камерен оркестар  „Вранец“.

Дел од манифестацијата е и вранец винскиот салон, каде ќе се истакнат најдобрите македонски и регионални вранец вина, додека, посетителите ќе добијат шанса за дегустација и вмрежување. 

Главен поддржувач на настанот е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а оваа година, на организацијата се приклучува и Јапонската амбасада, која ја прославува 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Македонија и Јапонија, како и Министерството за култура и туризам.

Иако вранецот традиционално се поврзува со Црна Гора, оваа сорта е широко распространета низ целиот балкански регион. Во Македонија, таа зазема најголема површина, претставувајќи околу 50 проценти од вкупните лозови насади и речиси 70 отсто од сите црвени сорти. 

Вранецот е основа за производство на суви вина со уникатен и препознатлив вкус, кои го симболизираат винскиот идентитет на Балканот. Вината од оваа сорта се меѓу најнаградуваните на престижните светски вински натпревари, што дополнително го истакнува нивниот растечки углед.

Светскиот ден на вранецот има за цел да ја интернационализира оваа уникатна сорта, да го популаризира нејзиниот исклучителен квалитет и карактеристики пред винската елита ширум светот и да го позиционира вранецот сѐ повисоко на светската винска мапа.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:вранецототворањетоОцукаСветскиот денТрипуновски
Претходен напис Најмногу дожд наврнат во Пожаране и Лазарополе
Следен напис Местата во БиХ погодени од поплави се непрепознатливи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?