Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, во денешното интрвју за радио ПЕЛА , во емисијата посветена на земјоделството и произвотството на храна, најави дека за многу кратко време , можеби уште на денешната или утрешната владина седница ќе бидат пролонгирани сите рокови кои што течет во делот на ИПАРД програмата. Ова се први со цел да се намалат патувањата и раздвиженоста на земјоделците во овој период кога имаме ограничување на движењето на граѓаните поради пандемијата од вирусот COVID 19.
Исто така, бидејќи до сега поднесувањето на докумнтите за ИПАРД 2 беше во писмена форма, се прават разговори со Брисел, секако и со Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделството, со цел да се изнајде начин и некакво софтверско решение, кое би му овозможило на земјоделците и на консултантските фирми што ги изготвуваат бизнис плановите и елаборатите, да можат апликацијата да ја направат по електронски пат.
Слично вакво решение ќе се бара и околу поднесувањето на барањата за исплата на супвенциите, иако таа постапка ќе започне некаде од средината на мај, сепак заради намалувње на гужвите во институциите и заштитата на граѓаните од заразата со корона вирусот, решение се бара уште сега.