Попладнево ја посетив Општина Чешиново-Облешево, каде со градоначалникот Јорданче Костадинов разговаравме за состојбата по потврденото присуство на болеста сипаници кај овци и кози. Во вакви околности неопходно е координирано постапување на надлежните институции, доследно почитување на стручните препораки и преземање на сите потребни мерки за заштита на сточниот фонд, информира на ФБ, министерот за земјоделство Борче Серафимовски.
Заедно со градоначалникот остваривме средба и со оризопроизводителите од општината и поширокиот регион. Внимателно ги сослушавме нивните ставови, согледувања и очекувања во врска со годинашната реколта, кои ќе бидат земени предвид при натамошното институционално постапување на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Ќе продолжам отворено и непосредно да разговарам со земјоделците на терен, затоа што нивниот глас и реалните состојби во производството мора да бидат основа за одговорно носење одлуки.
Фејсбук статус на Борче Серафимовски
